Дали мора да прекинам со фејсбукот?
„Не можам да верувам дека сѐ уште ни ме одговорила на мојот блог ставен на нејзиниот ѕид. Поминаа три часа, а знам дека беше на фејсбук. Сигурно ме игнорира!
Безначајно? Или познато? Колку и да изгледа дека е смешно, но ова е еден од бројните чувства со кои се сретнуваме кога се „најавуваме“ на оваа навидум безопасна страница која почна да се вовлекува во секој аспект од нашиот живот.
Дали се чувствуваме осамени
Имаш 300 пријатели, од кои 10 го лајкувале твојот статус од минатата недела, а сите ги виделе твоите убави слики кои си ги ставила? Но дали си среќна?
Секогаш кога ќе се „вклучам“ за да видам дали тој или таа ми одговориле, за да ги видам новите слики или можеби да „го видам“ стариот пријател за кој слушнав дека целосно го променил својот изглед, се исклучувам од компјутерот апатична, безволна и осамена. Зошто? Зарем општеството не нѐ учи дека добро е да се одржуваат врските со пријателите? Зарем не нѐ учи дека тие врски ќе ни донесат среќа?
Но, дали виртуелното пријателство воопшто може да го наречеме пријателство? Зарем тоа не е повеќе нешто како патерица, потпирач кој го користиме за да би се споредиле со светот и за да би се покажале во најдобро светло додека во реалност седиме дома во тренерки грицкајќи грицки?
Дали сум единствена која влегува на фејсбук и потсвесно се споредува со сите свои пријателки, а длабоко во себе преовладува чувство на незадоволство, бидејќи на мојот „ѕид“ не пишуваат многу пријатели и бидејќи немам многу убави слики со пријателите?
Тоа доведува до проектирање на една слика за самата себе каква би сакала општеството да ме види, наместо реалната, јас со моите недостатоци. Во мојот живот тие симптоми напорно го вклучуваат настојувањето да направам што подобри слики со цел моите фејсбук-пријатели да видаат дека сум добро вклопена во општествениот живот, а исто така и со пишувањето по „ѕидовите“ на пријателите со цел да си ја подигнам својата самодоверба.
Тогаш како да се ослободам од овие патерици кои водат до безвредното споредување со другите и чувството дека вака секогаш губам?
Некои едноставно ги бришаат своите профили и така праваат целосен прекин. Во зависност од тоа колку е нездрава врската, тоа би можела да биде најдобра опција.
Но, можеби може да бидеме „само пријатели“. Еве неколку совети како да се избегне нездравата врска со фејбук:
Не дозволувај тоа да биде патерица
Како и во секоја друга опсесивна врска, избегнувај да се прикрадуваш во фејсбукот кога се чувствуваш непосакувано, осамено и тажно. Тоа само ќе доведе до понатамошни споредувања и лелекања. Знам дека сѐ изгледа како дека оваа девојка има совршен дечко, совршена облека и секогаш остава впечаток дека добро се забавува – и не мора да го проверувам нејзиниот профил за да би се потсетувала на тоа.
Не дозволувај фејсбукот да управува со твоите активности
Потполно е во ред да се забавуваш со пријателите, а да не сликаш ниту една фотографија. Можеби твојот виртуелен пријател нема да знае дека сте се забавувале, но дали е тоа важно? Зарем вашето заедничко време не би требало да биде поважно отколку грижата за да изгледаш поубаво на заедничката слика со цел следниот ден да ја објавиш и на тој начин би ја задоволила својата суета? Уживај со луѓето и во заедничкото време со нив заради тоа што тие само по себе се вредни, а не заради тоа што би можело да изгледа кул на фејсбук.
Побарај други средства за комуникација
Секако, со своите пријатели можеш да одржуваш врска на интернет, но како би било да им се јавиш, да ги посетиш или да им дадеш рачно напишано писмо? Ова на твојот пријател ќе му значи многу повеќе отколку млаката „објава“ на неговиот „ѕид“ само за да би се чувствувала дека со вашето пријателство сѐ е во ред.
Одолеј на искушението
Ова подразбира секој еден да доаѓа во различни форми, но во секое нездраво пријателство мора да постои простор. Тоа може да значи дека на својот мобилен телефон ќе ги исклучиш опциите за добивање известувања, дека нема многу често да „влегуваш“ или дека секој пат ќе поминуваш само десет минути на интернет. Што мислиш да направиш, направи го! Ќе ти помогне да се ослободиш од барањето на својата вредност во тоа што другите мислат за тебе. Исто така ќе ти ослободи и време за навистина да можеш да си го живееш својот живот, наместо само да се грижиш дека на фејсбук можеш да го живееш.
Како и во секој еден прекин, и во овој можеби ќе биде потребно некое време да се одвикнеш од фејсбукот и да се ослободиш од влијанието кое тој го има на твојата гордост и суета. Но, мала апстиненција не може да ти наштети, туку ќе те ослободи да бидеш своја, а и помалку онаа стерилна, совршена слика која самата себе се претставуваш на светот.
Запомни дека ако фејсбукот е патерица, единствен начин навистина да проодиш е повторно да научиш да одиш, а не да ја отрстаниш едната патерица само со цел да ја замениш со друга. Доколку својата вредност ја цениш во однос на своите врски (како што прави секоја друга жена) и го проверуваш фејсбукот за да видиш што има, кога ќе се ослободиш од него, нема да ги ослободи тоа твоите проблеми. Решението е во пронаоѓањето на сопствените вредности во Бога и, откако ќе си сигурна и смирена во Него, правејќи чекор напред со цел да ги сакаш другите,
Пред сѐ не сме убедени во Неговата љубов, туку ја бараме својата вредност во нашите врски па не е ни чудо што не сме сигурни ниту во самите себе. Луѓето имаат недостатоци и нема да ги задоволат нашите потреби за постојана љубов. Но, еднаш кога ќе бидеме сигурни во Христа, осожеме да го направиме тој чекор и да ги сакаме другите, дури и ако тоа нас нѐ прави ранливи.
Ако фејсбукот те спречува да ги пронајдеш своите вредности во Бога и те доведува до обид да се исполниш со пријателства, можеби прекинот е она што ти треба.
Битно нет/З.А.
Фотографија: Foto: Shutterstock.com