Гости од Бугарија во Гевгелија

Гевгелија, 19.6.2013 /к.мк/ – Парохијата свети Петар и Павле во сабота и недела, 15- 16 јуни беше посетена од верници католици од Бугарија. Групата верници беше предводена од сестра Сузана, која потекнува од Гевгелија и која долги години престојуваше во манастирот на сестрите Евхаристински во Гевгелија. Со групата имаше и двајца свештеници кои во недела во преполната црква заедно со о. Димитар Ташев служеа света Литургија.

По завршувањето на светата Литургија групата замина во посета на други парохии од Апостолскиот егзархат во Македонија.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<