На Генералната аудиенција, папата Фрањо ја заврши серијата катехези за важноста на староста со размислување за Вознесението на Пресвета Богородица, наведувајќи дека по смртта се раѓаме за небото, во просторот Божји и дека „животот на воскресното тело ќе биде стотина и илјадници пати поживо од она што го вкусивме на оваа земја“.
Светиот Отец на Генералната аудиенција во среда 24 август 2022 година потсети на неодамнешниот празник Вознесение на Пресвета Богородица на небото и се осврна на Посланието на апостол Павле до Римјаните (Римјаните 8,22-24 ), во кое апостолот ги споредува породилните болки со исчекувањето на откупувањето на нашите тела. Вознесението на Марија, исто така, фрла светлина врз конечната цел на нашиот живот, дури и ако тој настан е претставен поинаку во однос на западата или источната традиција, рече Папата.
„На Запад ја гледаме воздигната на небото, обвиена со сјајот на славата; на исток, пак, таа е прикажана како лежи, спие, опкружена со апостолите во молитва, додека Воскреснатиот Господ ја носи во раце како мало девојченце“.
Раѓање за небо
Во катехезата Папата го објасни односот на ова таинство со воскресението на Синот. „Во божествениот чин на повторното соединување на Марија со воскреснатиот Христос, нормалното телесно распаѓање што со себе ја носи човечката смрт не е едноставно трансцендирана, туку се случи Божјиот живот однапред да биде преземен со телото“.
Би можело да се каже, според зборовите на Исус до Никодим, дека смртта е нешто како второ раѓање – ако првото беше раѓање на земјата, ова е второ раѓање за небото.
„Како, кога ќе излеземе од утробата на нашата мајка, секогаш сме истото човечко суштество кое било во утробата, така, по смртта, се раѓаме за небото, во просторот Божји, и повторно сме ние, кои сме чекориле по оваа земја“.
Без губење на човечноста
Слично на она што му се случи на Исус, истакна Светиот Отец. Воскреснатиот секогаш е Исус, не ја губи својата човечност, она што го преживеал, па дури ни својата телесност, бидејќи без тоа тој повеќе не би бил Тој.
„За тоа ни зборува искуството на учениците, на кои им се укажува четириесет дена по воскресението. Господ ги покажува раните кои ја запечатиле неговата жртва; но тоа веќе не се грди белези на болното страдање и понижување што ги преживеа, сега се неизбришлив доказ за неговата верна љубов до крај“.
Царството Божјо: Свадбена гозба
Папата понатаму истакна дека Исус често го опишува Божјото царство како свадбена гозба или веселба со пријателите. Овие слики ни овозможуваат да уживаме во „Божјата делотворна и создателна љубов и нè доведува во хармонија со новата определба на животот, кој го сееме“.
„Во нашата старост, драги врсници и врснички, важноста на толку многу „детали“ од кои се состои животот – милување, насмевка, гест, почитувана работа, неочекувано изненадување, гостопримлива радост, верни врски – станува уште поизразена.
Трепет на исчекување
Мудроста на староста е местото на нашето создавање, кое го осветлува животот на децата, младите, возрасните, целата заедница, рече Папата. „Целиот наш живот се појавува како семе кое ќе мора да се закопа во земја за да се роди неговиот цвет и плод. Ќе се роди, заедно со остатокот од светот“.
Тоа нема да биде без болка и страдање, истакна Папата, туку ќе се роди (сп. Иван 16, 21-23). И животот на воскресното тело ќе биде стотици и илјадници пати поживо од она што го вкусивме на оваа земја“ (сп. Марко 10, 28-31).
„Да, драги браќа и сестри, посебно постарите, најдоброто од животот допрва нѐ чека. Господовата мајка која пред нас отиде на небото нека ни го врати трепетот на исчекувањето“.
Ватикан њуз/к.мк