Папата Фрањо: Општото добро не може да се одвојува од доброто на секој поединец

Папата Фрањо: Општото добро не може да се одвојува од доброто на секој поединец

Со оглед на општото уверување дека човештвото се наоѓа пред изворедни и потполно нови предизвици, потребни се нови решенија кои ќе можат да се прошират на целото човештво. Тоа го истакна папата Фрањо кога ги прими во аудиенција учесниците на семинарот насловен „Општото добро во дигиталната доба.“

Човештвото мора да се соочува со новите предизвици заради незапирливиот технолошки напредок од кој ќе биде можно да извлече корист во таа мерка во која новите можности кои се на располагање ќе се користат етички – со тие мисли земени од енцикликата „Лаудато Си“, папата Фрањо им се обрати на учесниците на семинарот „Општото добро во дигиталната доба“, кои ги прими во аудиенција на 27 септември 2019 година.

Од 26 до 29 септември стручњаци од областите на најсовремната технологија, филозофи и теолози разговараа во рамките на спомнатиот семинар кој се одржа во организација на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој и Папскиот совет за култура токму за да размислуваат за општествените, етичките и политичките последици од изворедниот развој во секторот на дигиталната технологија со посебен осврт на примената на вештачката интелигенција.

Нови решенија за новите предизвици

Со оглед на општото уверување дека човештвото се наоѓа пред изворедни и потполно нови предизвици, папата Фрањо истакна дека се потребни нови решенија кои можат да се прошират на целото човештво во светлината на креативната уметност. Новите проблеми бараат нови решенија; почитување на начелата и традицијата, имено треба да се живее во еден облик на креативна верност, а не на крути имитации или застарени редукционизми – истакна Папата, и го пофали фактот со етичките предизвици, кои се разгледуваат, да се соочат токму во контекст на поимот „општо добро“. Проблемите на кои сте повикани да размислувате се однесуваат на целото човештво и затоа бараат решенија кои можат да се прошират на целиот човечки род.

Две лица на технолошкиот напредок

И понатаму во рамките на начелата според кои општото добро не може да се одвои од специфичното добро на секој поединец, Папата даде два примери за да објасни дека од позитивен аспект технологијата да се примени во секојдневниот живот може да се претвоти во опасност за човечкото достоинство и слободата.

Работиката во светот на работата

Роботиката од една страна ќе може да замени некои тешки, опасни и циклични работи, но од друга би можела да остане само средство за ефикасност користено само за зголемувањето на профитот, и да лиши од работа илјадници луѓе, да го загрози нивното достоинство.

Вештачката интелигенција во расправите за големите општетсвени прашања

Освен тоа од една страна ќе може да поддржи поголем пристап до доверливи информации и така да го загарантира донесувањето на точни анализи – истакна Папата, а потоа предупреди: Од друга страна ќе биде можно како никогаш досега да овозможи кружење на тенденциозни мислења и лажни податоци, да ги нарушува јавните расправи и дури да манипулира со мислењата на милиони луѓе сѐ до загрозувањето на самите институции кои гарантираат мирна цивилизирана коегзистенција.

Кога може да се зборува за „технолошки напредок“

Показател за разбирањето на опасното застранување на технократскиот образец кој ветува неконтролиран и неограничен напредок со големи опасности за целото човештво е нееднаквоста. Кога технолошкиот напредок би бил причината за поголемите разлики не би можеле да го сметаме за напредок – напомена Папата. Кога т.н. технолошки напредок на човештвото би станал непријател на општото добро би довел до несреќно назадување на облик на некултура одредена од законот на посилниот – предупреди Папата и се заблагодари на присутните затоа што со својата работа се ангажираат со цивилизираните напори за намалување на економските, технолошките, општествените и културалните неднаквости.

Заблагодарувајќи им се на крајот и на тоа што поставиле етички темели на гаранцијата за да се заштити достоинството на секое човечко битие затоа што – како што рече, уверени дека општото добро не може да се одвои од специфичното добро на секој поединец, Светиот Отец ги повика и понатаму да се ангажираат за тоа. Сѐ додека само еден човек биде жртва на некој систем, без разлика колку тој би можел да биде развиен и делотворен, но кој не успева да го вреднува важното достоинство и придонесот на секој човек, вашата работа нема да биде завршена – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот