Генерална аудиенција: Иднината на Азија е во братството

Генерална аудиенција: Иднината на Азија е во братството

Денес би сакал да ви зборувам за апостолското патување во Мјанмар и Бангладеш на кое бев изминатите денови – рече папата Фрањо во текот на Генералната аудиенција во салата Павле VI во Рим, на 6 декември 2017 година.

Денес би сакал да ви зборувам за апостолското патување во Мјанмар и Бангладеш на кое бев изминатите денови – рече папата Фрањо за време на Генералната аудиенција во салата Павле VI во Рим, на 6 декември 2017 година и продолжи – тоа беше голем Божји дар, затоа Му благодарам за сè, посебно за средбите кои ги имав. Повторно ја изразувам својата благодарност до властите и епископите на двете земји, за сите подготовки и начинот на кој ме примија мене и моите соработници. Срдечно се заблагодарувам на народите во Мјанмар и Бангладеш кои ми покажаа толку вера и љубов.

Прв пат Петров наследник го посетил Мјанмар, а тоа се случи набрзо по воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу таа земја и Светиот Престол – рече Папата и додаде: Со таа посета сакав да ја изразам близината на Христос и Црквата на народот кој страда заради конфликтите и притисоците, и кој сега полека оди кон нова слобода и мир. Среде тој народ е длабоко вкоренета будистичката религија, со своите духовни и етички начела и каде христијаните се присутни како мало стадо и квасец на Царството Божјо. Бев радосен што можев таа Црква, жива и ревна да ја утврдам во верата и заедништвото, среќавајќи се со епископите на тие земји во текот двете евхаристиски славења.

Првото беше на големите спортски терени во центарот на Јангон – рече Светиот Отец и продолжи: Евангелието од тој ден нè потсети дека прогоните заради верата во Исус се норамлни за неговите ученици, дека тие се прилика за сведочење, но „ниту влакно од главата нема да биде загубено“. Втората света Литургија, последниот настан од посетата на Мјанмар беше посветена на младите; тоа беше знак на надеж и посебен дар на Дева Марија во катедралата која го носи нејзиното име. На лицата на тие млади, полни со радост ја видов иднината на Азија; иднина која нема да биде иднина на оние кои произведуваат оружје, туку на оние кои сеат братска љубов. Како знак на надеж благословив камен темелници за 16 цркви, потоа за семинарија и нунцијатура.

Освен со католичката заедница се сретнав со властите на Мјанмар, ја охрабрив земјата во напорите за мир и ги повикав нејзините различни составни делови во тој процес да соработуваат во меѓусебното почитување – истакна папата Фрањо и рече: Во тој дух сакав да се сретнам со претставниците на различните верски заедници присутни во земјата. Посебно со Врховниот совет на будистичките монаси, ја изразив почитта на Црквата кон нивната древна духовна традиција и довербата дека христијаните и будистите можат заедно да им помагаат на луѓето да го љубат Бог и ближниот, отфрлајќи го насилството и спротивставувајќи се на злото, правејќи добро.

Откако го напуштив Мјанмар, заминав за Бангладеш, каде прво искажав чест на мачениците за незавиноста и „таткото на нацијата.“ Мнозинското население во Бангладеш е со муслиманска вера, па мојата посета по стапките на блажен Павле VI и свети Иван Павле II , е знак на следниот чекор во насока на почитување и дијалог помеѓу христијаните и муслиманите – нагласи Папата и додаде: Ги потсетив властите дека Светиот Престол од самиот почеток ја поддржува волјата на народот во Бангладеш за независност на земјата како и потребата во неа да се обезбеди верската слобода. Посебно сакав да изразам солидарност со Бангладеш на неговата помош на бегалците од народот Рохинџа кои дојдоа на негова територија каде веќе владее пренатрупаност.

Светата Литургија која ја славевме во историскиот парк во Дака беше збогатена со ракополагање на 16 свештеника и тоа беше еден од најзначајните и најрадосните настани од патувањето – истакна Светиот Отец и спомна дека во Бангладеш и во Мјанмар како и во другите земји во Југоисточна Азија, духовни звања не недостасуваат. Својата радост заради тоа – рече Папата – ја споделил со епископите на тие земји и ги поттикнал на работа за семејствата, сиромашните, образованието, дијалогот и општествената хармонија.

Во Дака доживеавме – продолжи папата Фрањо – силен момент на меѓурелигиски и екуменски дијалог кој ми даде прилика да ја нагласам важноста на отвореното срце како темел на културата на средба, хармонија и мир. Исто така ја посетив „Куќата Мајка Тереза“, каде светицата живеела и која прифаќала многу сираци и инвалиди. Нејзините сестри во согласност со нивната харизма, имаат секој ден имаат обожавање пред Пресветата Евхаристија и му служат на Христос сиромав и страдалник, секогаш со насмевка што е убаво сведоштво и за тоа им благодарам.

Последниот настан беше со младите од Бангалдеш, полн со сведоштва, песни и игри. Тоа беше славење кое ја покажа радоста на Евангелието кое е прифатено во таа култура; радоста која е плод на жртвата на многу мисионери, катехисти и родители христијани. На средбата беа присутни и млади муслимани и млади од други религии, што исто така е знак на надеж за Бангладеш, за Азија и за целиот свет – заврши на крајот Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот