Папата Фрањо присуствува на состаноците на Кардиналскиот совет

Во среда, 2 јули претпладне продолжија средбите во рамките на петтиот состанок на папата Фрањо со Кардиналскиот совет, кој што Светиот Отец го основа за да му помогне во водењето на општата Црква и работи на разгледување на нацрт ревизијата на апостолската конституција Пастор Бонус (Pastor Bonus) за Римската Курија. Патер Федерико Ломбарди во Канцеларијата за печат на Светата Столица за тоа разговараше со новинарите.

Осумчлениот совет станува деветочлен, а состојбата во ИОР, така наречената ватиканска банка е во транзиција. Ова произлезе од состанокот кој е во тек во Ватикан до петок, во присуство на Светиот Отец кој беше присутен и денес претпладне, бидејќи во јуни не се одржуваат Генералните аудиенции во среда. „Советот на осумината“ станува „Совет на деветмина“, бидејќи државниот секретар кардинал Пиетро Паролин полноправно учествува на состаноците – рече патер Ломбарди, пренесувајќи ги директно зборовите на Папата.

Во текот на вчерашната и денешната средба се разговараше за Управата на државата град Ватикан, за Државниот секретаријат и за ИОР. Во таа институција за верски дела и за нејзиниот претседател – додаде патер Ломбарди во една изјава – се зборуваше и разгледуваше сегашната состојба во присуство на четворица кардинали од Надзорниот одбор, бидејќи надбискупот на Виена кардинал Кристоф Шонборн е отсутен.

ИОР е во транзиција и развој, природно и мирно – рече патер Ломбарди. Допринесот на Ернс фон Фрејберг и понатаму многу се цени и е позитивно оценет. Најверојатно ќе има и понатамошни објаснувања следната недела по средбата на Советот за економија кој ќе се одржи во сабота. Веројатно во среда – според зборовите на патер Ломбарди – ќе има подетални информации. На состанокот на Советот за економија ќе се расправа и за статутите, нацрт активностите и годишниште сметки – објасни директорот на Канцеларијата за печат на Светата Столица.

 За попладневните состаноци се предвидени теми за кои веќе е разговарано како што се Конгрегациите и Папските совети, но – додаде патер Ломабрди – сеуште не може да се зборува за нацрт на нова констиституција за реформа на Куријата.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот