Бискупот Стојанов оствари средби со поглаварите на ИВЗ и МПЦ

Бискупот Стојанов оствари средби со поглаварите на ИВЗ и МПЦ

На само десетина дена пред посетата на Светиот Отец, папата Фрањо во Македонија, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов на 24 април 2019 година го посети поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.

Реисот Реџепи истакна дека доаѓањето на Светиот Отец е возвишена посета за Македонија, без разлика на нашата различност. Сакаме да бидеме заедно со Католичката црква во Македонија и учесници на овој настан, при што ги истакна и добрите односи помеѓу Исламската верска заедница и Католичката црква во Македонија

Бискупот Стојанов исто така се сретна и со архиепископот на МПЦ – ОА, г-дин г-дин Стефан, кој искажа радост за доаѓањето на Светиот Отец.

Потсетуваме дека од самиот почеток од објавувањето на веста за посетата на папата Фрањо на Македонија Меѓурелигискиот совет даде поддршка за организација на овој настан.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот