Кардиналот Џанфранко Гирланда е новиот покровител на Малтешкиот ред

Кардиналот Џанфранко Гирланда е новиот покровител на Малтешкиот ред

Исусовецот Џанфранко Гирланда, со одлука на папата Фрањо од 19 јуни 2023 година, е именуван за покровител на Малтешкиот ред.

Должноста покровител или заштитник отсекогаш била да се грижи за духовните интереси и односите на Редот со Светиот Престол. Негова задача е и да го информира Папата за изборот на новиот Велики мајстор, кој полага заклетва во присуство на кардинали на свечената седница на Државниот совет.

Должност што ја извршува посебен пратеник

По внатрешната криза на Малтешкиот ред кон крајот на 2016 и почетокот на 2017 година, Папата именува специјален делегат кој требаше да извршува одредени функции со цел да му помогне на Редот во процесот на ажурирање на Уставната повелба и Малтешкиот кодекс, кој покрај тоа врши и „духовна и морална обнова на Редот, особено на заветуваните членови“.

Во 2017 година беше именуван надбискупот Џовани Анџело Бечиу, кој стана кардинал во 2018 година и му беше доверен втор мандат. Бечиу, поднесе оставка во 2020 година, а негов наследник беше кардинал Силвано Марија Томази, кој сè уште е специјален пратеник на суверениот ред.

Со писмо од 25 октомври 2021 година, Папата му додели различни овластувања и прерогативи, вклучително и да „повикува“ и „копретседава“ со вонредното Генерално собрание, исто така дефинирајќи ад хок регулатива, со која се одобрува Уставната повелба и Малтешкиот кодекс, да го свикува Државниот совет за избор на Големиот мајстор и сл.

Нов устав

На 3 септември 2022 година, папата Фрањо му даде поттик на процесот за внатрешна обнова со прогласување на новата Уставна повелба и законикот на малтешкиот ред. Токму Гирланда, кој беше именуван за кардинал во август 2022 година, соработуваше како експерт во изготвувањето на новата Уставна повелба.

Функции на заштитникот или патронот

Во Уставната повелба, во член 5, став 5, функциите на покровителот кардинал се дефинирани: „Врховниот Папа за свој претставник во Редот назначува кардинал со титула Cardinalis Patronus, на кој му се дадени посебни овластувања“. Кардиналот покровител, како знак на грижата на Светиот Отец за Редот, има задача да го промовира духовното добро на Редот и неговите членови, како и односите меѓу Светиот Престол и Малтешкиот ред.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот