Папата до младите: Бидете конкретни и слободни

Папата до младите: Бидете конкретни и слободни

Доследност во животот, конкретност, слушање на старите лица, прифаќање на другите и секогаш на пат – се советите кои Папата на илјадицните млади присутни со салата Павле VI на средбата одржана во рамките на синодата која е посветена токму на малдите.

Во салата Павле VI попладне на 6 октомври 2018 година е одржана средба на млади со папата Фрањо и синодските оци на која се собраа околу 7000 млади. Нивните претставници, кои го поздравија Папата, беа млади од Филипините, од САД, Бенин, Куба, Индија, Хонг Конг, Бразил и Германија.

Како да се биде среќен?

Од сведоштвата кои следуваа произлезе прашањето: Како да се биде среќен? Како да се исполни празнината која младите често ја чувствуваат во себе, кога не ја пронаоѓаат смислата на животот или кога не гледат можности за остварување на своите соништа заради недостатокот на работа? Тие се прашањата кои младите му ги доверија на Папата и синодските оци, кои до 28 октомври ќе разговараат во Ватикан, за односот помеѓу Црквата и младите.

Како да се решат проблемите?

Девет прашања младите му предадоа на папата Фрањо. По кој пат да се оди за да се пронајде и да се открие вредноста на секој живот; како доследно да се живее повикот на политичко ангажирање среде толку корупција или пак во односот на понудите за работа кои понекогаш се спротивни на нивните вредности? Како да не се остане рамнодушен пред општествените нееднаквости и како да се надмине менталитетот кој во странецот гледа непријател?

Освен тоа едно од прашањата се однесува за критериумите според кои треба да се води сметка за употребата на социјалните мрежи и интернетот. Едно момче од Пакистан пак праша што Црквата прави за младите христијани кои живеат во земјите во кои христијаните се дискриминирани, а последното прашање беше како да се промени негативната и тажна слика која голем број млади ја имаат за Црквата кога се познава нејзиното поинакво лице.

Импровизираниот говор на Папата

Папата Фрањо не го прочита однапред подготвениот говор и веднаш рече дека нема намера да одговара на прашањата; тоа ќе биде задачата – како што рече – на синодските оци, но тој ќе даде насоки. Поаѓајќи од нивните лични животни приказни кои му ги изнесоа, Светиот Отец веднаш ги советуваше самите да си го подготват својот пат. Бидете млади во одење, кои гледаат хоризонти, а не во огледалото. Секогаш гледајте напред, во одење, а не седејќи на стол. (…) Момче или девојка кои седат на стол завршуваат во пензија на 24 години; тоа е грдо! – истакна Папата, осврнувајќи се на зборовите на самите млади, рече дека да се пронајдеш себе не значи да се гледаш во огледало. Себе можеме да се пронајдеме во делувањето, во барањето на доброто, вистината, убавината.

Доследност и служење

Напоменувајќи потоа дека го допрело прашањето за доследноста, папата Фрањо рече дека разбира колку недостатокот на доследност ги погодува на младите, како на пример Црквата која ги проповеда блаженствата, а потоа оди по патот на световноста. Ако си христијанин земи ги блаженствата и примени ги во животот. (…) – рече Папата и посебно се обрати до младите кои одлучиле својот животот да му го посветат на Бог – одете по патот на блаженствата. Не по патот на световноста, по патот на клерикализмот. Но и вие треба да бидете доследни на вашиот пат!

Одговарајќи на прашањето како да се занимаваш со политика и да не се откажеш од христијанските вредности, Папата пред сѐ го истакна проблемот со нееднаквоста. Се губи смислата за власт, се губи она што Исус ни го рекол, дека власта е служење. Вистинската власт е служење. Во спротивно, таа е самољубие, понижување на другиот човек, спречување на неговиот раст, доминирање, така од луѓето се прават робови, а не зрели луѓе. Власта е поддржување на растот на луѓето, за да бидеме служители на луѓето – рече Светиот Отец и потоа ги поттикна младите да живеат не попуштајќи пред идеологиите или пазарот.

Исусовата слобода

Вие млади, момчиња и девојки немате цена; тоа секогаш треба да се повторува. Не сте роба за лицитација. Ве молам не давајте да ве купат, не давајте да ве заведат, не давајте идеолошката колонизација која ни ги става идеите во главата да направи од вас робови, да завршите како робови, зависни, пропаднати во животот. Вие сте слободни! Заљубите се во таа слобода која ни ја нуди Исус – поттикна Папата.

Негувајте конкретни односи

Што се однесува пак до интернетот, ги предупреди младите секогаш да водат сметка за конкретноста во животот и во односите со другите. Вистина е – рече – до поврзаност во дигиталниот свет се доаѓа во моментот, сигурна е и брза; но ако се навикнеш на тоа, ќе завршиш како семејство на трпеза на ручек, секој со својот мобилен телефон, разговарајќи со другите или меѓу себе по пат на телефонот, без конретен, реалнен однос.

„Не“ на популизмот

Една од многу актуелните теми е и прифаќањето кое како што изгледа препушта место на однесувањето кое во странецот, во поразличниот, во мигрантот, гледа опасност, зло, непријател. Денес помалку во мода е популизмот, нели? – праша Папата и додаде: Кој нема врска со народното. Народното е културата на народот, култура на секој ваш народ која се изразува во уметноста, во културата, во науката, во славењето! Секој народ слави на свој начин; тоа е народно. Но, популизмот е спротивно; тоа е затвореност по пример. Затворени сме, само ние сме тука. А кога сме затворени, не може да се оди напред. Внимавајте на тоа – препорача папата Фрањо.

Слушајте ги старите лица и гледајте напред

И на крајот што се однесува до конкретноста, Папата ги поттикна младите да разговараат со старите луѓе, со дедовците и бабите. Тие се коренот на вашата конкретност, коренот на нашиот развој, цветањето и донесувањето на плодови – истакна Папата и додаде: Преземете ги корените и негувајте ги за да дадат плод, така и вие ќе станете корени за другите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот