Сочувство на Светиот Отец за потонувањето на шпански брод кај Канада

Сочувство на Светиот Отец за потонувањето на шпански брод кај Канада

Најмалку 7 лица загинаа, а 14 се водат како исчезнати по потонувањето на шпански рибарски брод на канадскиот брег на 15 февруари. Во телеграма до надбискупот од Сантијаго де Компостела, монс. Јулијан Барио Барио, папата Фрањо изразува сочувство и солидарност.

Светиот отец Фрањо упатува молитви до Бога за вечен покој на жртвите и ја изразува својата близина со ужалените семејства, стои во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Пиетро Паролин.

Папата Фрањо ги препорачува сите луѓе погодени од несреќата на Господовото милосрдие и мајчинската грижа на Богородица и го споделува апостолскиот благослов, како залог на постојана помош од Севишниот и знак на цврста надеж во воскресението, стои на крајот од телеграмата со сочувство.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот