Гевгелија: Прославен патрониот празник

Со света архиерејска Литургија предводена од Н.В.П монс. д-р Киро Стојанов и во сослужение на о .Димитар Ташев и о. Тома Ангелов во недела 12 јули во преполнетата црква Свети Петар и Павле во Гевгелија е прославен патрониот празник на црквата.

На самиот почеток од светата Литургија Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов ги благослови и освети иконите на свети Бенедикт и светите Кирил и Методиј, заштитниците на Европа насликани и подарени од уметникот г-дин Боро Петров.

Во својата проповед епископот Стојанов ги охрабри верниците со животот и делата на свети Петар, а посебно со животот на светиот апостол Павле. Тој истакна дека слабостите никогаш не треба да нѐ обесхрабруваат, туку да не зајакнуваат, бидејќи преку нив доаѓа милоста Божја.

На светата Литургија присуствуваа голем број деца, кои на крајот од светата Литургија беа благословени од бискупот Стојанов.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот