Епископот Стојанов служеше Света Литургија по повод 135 години од основањето на Сестрите Евхаристинки

Епископот Стојанов служеше Света Литургија по повод 135 години од основањето на Сестрите Евхаристинки

Епископот Стојанов по повод 135 годишнината од основањето на Општеството на Сестрите Евхаристинки на 21 април 2024 години во Скопје служеше Света Литургија за Сестрите Евхаристинки во знак на благодарност кон сестрите за нивната неизмерна духовна мисија што ја вршат меѓу Божјиот народ, а сѐ во чест на Исус во Пресветата Евахристија.

Во попладневните часови во манастирот на Сестрите Евахристинки во Скопје епископот Стојанов служеше Молебен во чест на Пресвета Богородица и при таа пригода во својот наговор потсети на денот на основањето на Општеството на Сестрите Евхаристинки на далечната 1889 година во Солун, истакнувајќи дека сите биле радосни дека за поставени основи на новата монашка заедница, од која очекувале набожни дела за духовното усовршување на католиците од тој крај.

Потоа, епископот Стојанов додаде: Според замислата на отец Јосиф и неговата родена сестра Еврозија, мисијата на сестрите Евхаристинки не се ограничила само на обожувањето на светата Причест. Во тоа тие ја следеле другата сестра на Лазар – Марта, која му служела на Хррста. Така Евхаристинките, во својата дејност, требало да ги соединуваат делата на Марија и Марта, да го обожубаат Исуса, но истовремено и да му служат на својот ближен во името на Христа, цитирајќи од Благородното дело дека: „Евхаристинките имаат особена цел: евхаристискиот култ, воспитанието и образованието на децата и нивното поучување во христијанската наука“, истакна епископ Стојанов

Набожноста беше упатена во знак на благодарност кон Сестрите но и за нови духовни знања по повод денешниот ден за духовни знања.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот