Парохискиот хор „Адорамус“ од Словенија во посета на Скопската парохија

Во недела 30 август 2015 година парохиската заедница во Скопје беше посетена од пејачкиот хор „Адорамус“, кој доаѓа од словенската парохија Долни Логатец, а престојува во Македонија по повод натпреварот на хорови во Охрид. Пејачите ја прифатија поканата на капеланот дон Јошт Мезег, кој е по потекло од нивната парохија, за да го збогатат евхаристиското славење во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје, а потоа одржаа и мал концерт. На литургијата и на концертот присуствуваа многу верници, кои беа воодушевени од убавината на музиката.

По концертот хористите од Адорамус беа угостени и послужени со свечен ручек во просториите на Пасторалниот центар на Скопската парохија, со што се продолжи заедничкото дружење придружено со храна и песна. Во попладневните часови хористите го разгледаа Скопје и ја посетија Спомен куќата на блажена Мајка Тереза.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот