Во Скопје се одржа средба за млади на тема: Светото Писмо во христијанскиот живот

Во Скопје се одржа средба за млади на тема: Светото Писмо во христијанскиот живот

На 15 март 2017 на средбата на млади која се одржа во салата на пасторалниот центар на катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје присуствуваше г-дин Петко Златески, секретар на Библиско здружение на Република Македонија.

Оваа средба беше целосно посветена на Светото Писмо – Библијата, особено нејзиното значење за христијаните. Средбата започна со читање на неодамнешните зборови на папата Фрањо каде тој прашува „Што би се случило кога кон Библијата би се однесувале како кон својот мобилен телефон? Кога Божјите пораки во Библијата ги читаме како што ги читаме пораките на мобилниот телефон?“

Секретарот на Библиското друштво на Македонија, господин Златески продолжи во тој контекст напоменувајќи дека секој христијанин треба да ја има прочитано Библијата, да размислува секојдневно за неа, да си запишува забелешки зашто така ќе го запознава Бог. А штом го запознава Бог, штом човекот е целосно предаден на Бог, штом човекот секојдневно го бара и сака да се сретне со Бог, тогаш човекот не се плаши од ништо зашто го има Бог до него исто како што трите момчиња во времето на проркот Даниил, Седрах, Мисах и Авденаго, кои беа фрлени во вжарена печка зашто не му се поклонуваа на златниот идол, не се плашеа. И не само што не се плашеа, туку имаа и насмевка на лицето. Беа радосни. Значи една од одликите на христијаните е да бидат секогаш радосни без разлика на маките низ кои поминуваат зашто знаат дека Бог е со нив.

Средбата заврши со еден вид на медитација каде што во мир секој требаше да најде по еден стих од Светото Писмо што му се допаѓа, а потоа овие стихови се читаа.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот