Апел на Папата за заштита на мигрантите во Либија

Апел на Папата за заштита на мигрантите во Либија

Светиот Отец после богородичната молитва на плоштадот Свети Петар изрази близина со илјадниците мигранти, бегалци и оние на кои им е потребна заштита во Либија.

Никогаш не ве заборавам. Ги слушам вашите крикови и се молам за вас, порача Папата.

Многу од тие мажи, жени и деца се подложени на нечовечко насилство. Светиот Отец го повтори апелот до меѓународната заедница да го одржи ветувањето и да бара заеднички, конкретни и трајни решенија за управување на миграциските текови во Либија и на Медитеранот.

Неопходно е да стави крај на враќањето на мигрантите во небезбедните земји, рече Папата. Замоли покрај тоа да се даде приоритет на спасувањето на човечките животи на море, со помош на уреди за спасување и безбедни механизми за слетување, за да се загарантираат достоинствени животни услови, алтернативи за притворот, редовни миграциски патишта и пристап до постапките за азил. Ги повика верниците да не останат рамнодушни на ова современа драма. Се чувствуваме сите одговорни за нашите браќа и сестри кои премногу години биле жртви на ова многу сериозна ситуација, рече Папата.

Светиот Отец се осврна и на одбележувањето на Светскиот ден на мисиите, заблагодарувајќи им се на сите мисионери кои делуваат во светот, сведочејќи го Евангелието во земјите кои не го познаваат Исуса.

Посебен аплауз од присутните Папата замоли за двете нови блаженици – сестра Луција Рипамонти и младата Сандра Сабатини. Сестра Луција е воздигната на 23 октомври на чест на олтарот во Бреша, додека Сандра Сабатини на 24 октомври попладне во Римини.

На крајот Папата упати посебен поздрав до учесниците на 49 Социјална седмица на католиците во Италија која заврши во Таранто.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот