Во Рио Папата ќе се сретне со сиромашните

Ватикан, 19.7.2013 /к.мк/ – Директорот на канцеларијата за печат при Светата Столица отец Федерико Ломбарди во текот на оваа недела одржа брифинг посветен на апостолското патување на папата Фрањо во Рио де Жанеиро во Бразил од 22 до 29 јули по повод Светскиот ден на млади. Отец Ломбарди во таа прилика говореше за програмата на првото меѓународно патување на Папата, почнувајќи од свеченоста за дочек и откривајќи некои нови поединости.

Најпрво потсети дека вториот ден од престојот во Рио де Жанеиро, на 23 јули, не се предвидени службени обврски, а наредниот ден започнува збиена програма на средби и славење. Во светилиштето во Апарецида Папата во капелата на светилиштето ќе се помоли пред сликата на Пресвета Богородица од Апарецида. Потоа во големата сала во базиликата ќе слави света Литургија, а потоа ќе го посети бискупската семинарија. Истиот ден попладне ќе се врати во Рио каде ќе ја посети болницата која ја водат фрањевците.

Во четврток на 25 јули, после посетата на градското собрание Папата заминува на посета во Варгини, фавела – сиромашна населба во Рио де Жанеиро. Во текот на посетата е предвидено Папата да влезе во една од сиромашните бараки и таму накратко ќе се сретне со семејството кое живее во неа. После тоа следува средба со сиромашните жители на населбата на тамошното фудбалско игралиште.

Во петок на 26 јули Папата ќе исповеда пет млади во место кои се вика Кинта де Боа Виста. (Б.У.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<