Во напад на црква во Пакистан убиени повеќе од 80 лица

На средбата со младите на Сардинија во недела 22 септември, папата Фрањо упати повик за мир во Пакистан каде загинаа 81 лице во неделниот напад на Англиканската црква „Сите Светии“ во Пешавар. Папата предупреди на погрешниот избор – омраза, војни, кои водат до смрт на толку луѓе. Тоа е пат кој не води никаде, рече Папата, истакнувајќи дека единствено врз патот на мирот може да се гради подобар свет. Ако вие не појдете по тој пат, ако вие не градите, никој друга нема.

Тоа е проблемот и тоа е прашањето кое сакам да го поставам: Сакам ли да кренам по патот за изградба на подобар свет?, рече папата Фрањо на средбата со младите.

Двајца бомбаши-самоубијци се разнесоа пред црквата од која после богослужбата излегувале 600 верници. Овој напад, за кој одговорност презеде Талибанското екстремистичко движење ТТП, е најголем напад на хриситјанското малцинство во Пакистан. Нападот го осуди пакистанскиот премиер, а хриситјаните од цел свет протестираа барајќи заштита од екстремистите. Католичката Епископската конференција на Пакистан го осуди нападот како „чин на омраза”, и ги повика христијаните на молитва, мир и ненасилство. Во знак на жалост во целата земја христијанските училишта и установи ќе бидат затворени до 25 септември. Од 185 милиони Пакистанци, христијаните сочинуваат малцинство од 3 милиони жители.

К.мк/Б.У

Категорија: Свет

За авторот