Честохова: Пресвета Богородица од Јасна Гора

Честохова е град во јужна Полска познат по светилиштето Јасна Гора во кое се чествува сликата на Пресвета Богородица Честоховска. Станува збор за најпознатото светилиште во Полска, кое годишно го посетуваат и до четири милиони поклоници.

Светилиштето Црна Богородица е познато по чудотворната икона на Блажена Дева Марија за која преданието кажува дека ја насликал свети Лука евангелист на парче дрво од масата која ја направил самиот Исус за Последната вечера, а дека ја спасила света Елена која што во IV век ја однела во Цариград. Во иконоборското движење иконата е сокриена во шумите на Полска и после донесена во Честохова. Во 1430 година изградена е готска катедрала во која е сместена. Иконата на чудотворната Црна Богородица на ова место (во Честохова) во 1382 година ја донесува Владислав Ополчк. На Велигден, 14 април 1430 година во напад на светилиштето лицето на Пресвета Богородица е оштетено, по што сликата е реставрирана на дворот на царот Владислав Јагиелски. (…)

Судбината на самата Полска често била поврзана со ова светилиште. На пример во мај 1936  година 25.000 студенти се посветуваат на Марија во Јасна Гора и се заветуваат дека ќе градат нова Полска. Меѓу нив бил и Карол Војтила идниот папа Иван Павле II. После 10 години од посетата на папата Иван Павле II  на Јасна Гора започнува да се руши комунизмот не само во Полска, туку и во цела Источна Европа, па и во Русија.

На тоа место се случиле многу преобраќање и чудни оздравувања.

Гласник Мира/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот