Во малите и во големите одлуки семејството може да пружи многу силни сведоштва – е размислувањето на кардиналот Турксон кој го изнесе зборувајќи пред семејствата собрани на меѓународна средба на движењето католички брачни парови „Équipes Notre-Dame“, кое заврши на 21 јули.
Промовирањето, под различни аспекти, семејна средина и целосната заштита на создаденото може да се загарантира по пат на истиот незаменлив сојузник, а тоа е семејството. Кој мора да го води домакинството добро разбира што значи да се биде одговорен за заштита на созданието, на нашиот заеднички дом – рече на средбата на католички брачни парови во Фатима, кардиналот Петер Турксон, префект на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој. Притоа кардиналот истакна дека семејствата се повикани да ја живеат програмата на човечкото достоинство и морал, и тоа во сѐ поголема димензија. (…)
Префектот на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој како што известува Осерваторе Романо – вели дека семејствата денес мора да се соочуваат со бројни тешкотии. Посебно се подложени на двојна ранливост. Пред сѐ од економски аспект, бидејќи нивните плати често не се доволни или пак заради невработеност и несигурноста која доведува до драматични појави во светот како што се трговијата со луѓе и ропство.
Освен тоа, овде е и еколошката ранливост. Колку семејства денес мора да се соочуваат со недостапен пристап до вода, со глад и неисхранетост, со оскудно сместување, и со пропаѓање на животната средина која ја става во опасност работата на земјоделците и рибарите? – праша кардиналот Турксон
Но, тешкотиите и ранливостите не се пречка за усвојување на крепосен начин на живот и однесување – рече кардиналот. Семејствата можат, на пример од една страна да научат да не бидат расипани, а од друга да делат со другите во духот на бесплатноста и великодушноста. Освен тоа во семејството – според зборовите на кардиналот – се учи како директно да се соочуваш со предизвиците, и тоа заеднички, храбро и креативно. Добрите семејства не се препуштаат на лажниот виктимизам, туку собираат дарови, таленти и средства, и така се соочуваат со сѐ што го загрозува нивното човечко достоинство и нивниот развој – истакна кардиналот Турксон.
РВ/к.мк