Честитка за Божиќ од претседателот на Собранието Џафери

Честитка за Божиќ од претседателот на Собранието Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во свое и во името на пратениците упати честитка до католички верници по повод големиот христијански празник – Божиќ.

Празниците се посебни денови кои имаат моќ на обединување, на дарување и солидаризирање со блиските, со далечните, со познатите, пријателите и соработниците, кога секој наоѓа нешто убаво за споделување со другите. Ширењето на мирот и спокојот во душата, гласното кажување на убавата и благородна мисла, споделувањето на трпезата и давањето таму каде што трпезата е празна е неизбежен дел и на овој убав божиќен празник, стоиво честитката.

Ви посакувам добро здравје и благосостојба и уште еднаш – Среќен празник, напиша претседателот на Собранието Талат Џафери.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот