Папата: Да се комуницира значи со интелигенција и љубов да им се помогне на другите да растат

Папата: Да се комуницира значи со интелигенција и љубов да им се помогне на другите да растат

Во својата порака за 13-тиот италијански фестивал на социјалната наука на Црквата, папата Фрањо ги повика католичките мирјани и жени да си помагаат меѓусебно преку интелигентен ангажман полн со љубов. Фестивалот е отворен во петок, 24 ноември во Верона

Овогодинешната тема, #soci@amente libera, се фокусира на комуникацијата во дигиталната култура, која влијае на односите меѓу луѓето, а со тоа и на општеството.

Вниманието на Папата посебно го привлече еден од знаците, со кој е напишана темата на овогодинешното издание, односно „at“ што се користи во електронската пошта. Знакот @, кој во претходните времиња означуваше единица мерка за тежина и капацитет, сега се користи за е-пошта за да означи „на“.

#soci@almente libera

Знакот „@“ во темата нагласува прашања кои се сè поважни во денешниот свет, а тоа се близината, контактот, интимниот израз на слободата што треба да се зачува во свето срце, објасни Папата.

Потоа истакна дека дигиталната култура има длабоко влијание врз личните и социјалните односи. Напомена дека социјалните мрежи не треба да бидат замка во која паѓаме, туку треба да бидат насочени кон зачувување на заедништвото меѓу слободни луѓе.

Авторитетот на личното вклучување

Потсетувајќи се на делот од Евангелието според Марко кој зборува за настанот со умножување на лебовите и рибите, папата Фрањо го истакна учењето на Исус. Господовите учења, нагласи тој, се тешки, но кај нас доаѓаат со авторитетот на Оној кој лично е вклучен – во лицето и Словото на Отецот – среде животните тешкотии.

Комуникацијата на Исус е вистинита, продолжи Папата, токму затоа што е вдахновена од љубовта кон оние кои го слушаат.

Папата Фрањо истакна дека Исус, откако ги поучил луѓето, се грижел за нивните потреби, грижејќи се за целата личност, односно личноста во нејзниот интегритет.

Полн со љубов и интелигентен ангажман

Во исто време, Исус не дејствува сам, рече Папата, туку ги вклучува учениците кои исто така се повикани на лично учество.

Тоа е слободата на која е повикан ученикот: слободата на оние кои се ангажираат со интелигенција и љубов за да им помогнат на другите да растат.

Папата Фрањо ја завршува пораката со надеж дека учесниците на Фестивалот ќе успеат да го спроведат хаштагот soci@lmente во дело, работејќи интелигентно на промовирање акции и иницијативи за општото добро на сите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот