Во Гoдина на семејството: Семејството Алоати пример за едно добро христијанско семејство

Кога Катерина Кико, уште девојка му се доверила на својот духовник дека сака да му се посвети на Господ како чесна сестра добростивиот свештеник ѝ одговорил: – „Катерина, треба да знаеш дека Бог не сака ти да му служиш како чесна сестра, туку како мајка која ќе му се посвети не само себе, но ќе му даде и многубројни служители ….”

Зборовите на добриот Божји служител станале пророчки, зашто Катерина посветила на Бога и црквата пет свои деца:

Јосиф и Мелхиор станале свештеници – мисионери Лазаристи; Еврозија и Христина станале чесни сестри, Наталија останува да се грижи за родителите, живеејќи како монахиња. И Франциско останал со родителите живеејќи примерен христијански живот.

Христијанската мајка ги  жвоспитала сите деца во христијански дух и им вдахнала непоколебива вера во Бога, љубов кон молитвата и вистинската набожност.

Таа посебна грижа полагала за да се развие во срцето на децата добродетелта на бротољубие. Им вдахнувала на децата да се воздржуваат од гневни зборови. Кога се случувало да се удрат од некој предмет ги терала да ги бакнуваат тие предмети. Катерина сакала децата да не се капризни во јадењето затоа кога некое јадање не ж сакале да го јадат им давала да јадат од него неколку денови по ред додека не се научат да го јадат јадењето без да се мрштат. Кога ќе забележила знаци на суета кај керките им ги обраќала фустаните наопако и ги терала да ги носат неколку часа така. На тој начин Богобојазливата мајка се трудела да искорени од децата секаква врста зачеток на порок или несовршенство.

По раѓањето на првите деца семејството Алоати се преселило да живее во Торино, стара престолница на Италија.

Ако за другите градскиот шум дава повод за промена, опуштеност, оладување на религиозното чувство, тоа не може да се каже за семејстото Алоати. Додека таткото работел во трговија, мајката ги воспитувала децата во христијански дух. Таа често ги посетувала црквите, со кои овој град е толку многу богат. Еден празничен ден Катерина придружувана од помалите деца влегла во катедралата. Проповедувал еден свештеник. Темата на проповетта била: „Мисијата на Христијанската мајка.” Свештеникот истакнал дека христијанските мајки треба да ги подржуваат светците, кои ги воспитале светилата во црквите, како што света Моника го воспитала својот син Августин. Истакнал дека најдоброто наследство кое христијанските родители можат да го дадат на децата не се состои во богатството, честа и други светски блага, туку во доброто воспитување во духот на верата, вистинската набожност и светиот страв Господов. Зборовите на свештеникот влегле директно во срцето на мајката. Штом се вратила дома веднаш седнала и ги напишала главните мисли од проповедта во една посебна тетратка.

На другиот ден ги собрала децата и им го прочитала резимето од проповедта. Им го протолкувала: и завршила со зборовите: „Од сега натаму мили деца, вие треба да правите сé што ќе ве учам во името Господово.”

Од тој ден во семејството Алоати бил воведен ред. Секој ден: наутро и навечер се молеле сите заедно. Секоја недела Катерина им предавала лично на своите деца катехизам.

Таков пример гледала Еврозија, основателка на сестрите Евхаристинки во домот на своите родители. Цели 28 години таа била близу до својата мајка, таа толку добра и совршена учителка, која своите деца ги учела не само со зборови но и со дела. Кога поради тешка болест Катерина останала во кревет, Еврозија станала втора мајка на своите малолетни сестри и братчиња. Таа во сé ја подржувала добрата и сакана мајка. Уште како дете Еврозија, пројавувала одлични склоности кон доброто. Но таа имала и такви црти во својот карактер со кои требало да води борба да ги искорени. По природа таа била гневна, но употребила многу напор да се ослободи од гневот. Некогош и се забележувало силно црвенило по лицето, знак на внатрешна борба. Но тука била мајка ѝ која секогаш ѝ помагала да си го очисти срцето од несовршенствата.

Јосиф и Еврозија се првородените деца на Катерина и Петар. Добрата мајка посветувала посебно внимание кон нив и го исползувала секој случај за да им вдахне пример за подржување и им укаже со последиците од злото. Катерина Алоати им објаснувала сé што децата сакале да знаат. Секогош го фалела доброто и им го предлагала за подржување, а злото го осудувала. Секое прашање го добивало својот одговор во кој секогош се потцртувало дека Бог го наградува доброто, а го казнува злото.

Кога некои деца ѝ правеле впечаток со нивното скромно однесување им ги пасочувала како пример за подржување, а лошите примери секогаш биле осудувани и како такви кои треба да се избегнуваат.

Секоја недела и празник после литругијата, Петар и Катерина  придружени од своите деца се шетале во околината на Торино.

Еден празничен ден кога Петар и Катерина биле сами си споделиле мислење околу децата. Петар изјавил дека сите деца освен Франциско се безбедни. Јосиф и Мелхиор биле во отците Лазаристи; Христина била во заедницата на сестрите Сакраментинки, Наталија дома се грижела за домакинството. Сите мои грижи рекол Петар ми се околу Франциско. Тоа момче има добри склоности, но ѓаволот не спие во еден таков голем град како што е Торино. Темпераментен е и друштвен. Мислам дека не можеме да го држиме како во затвор дома. Момчето има потреба и од разонода, но треба да се погрижиме тоа да не биде опасно за неговата душа. Си мислам, рекол Петар, дека треба да му најдеме другар кој ќе го раководи кога ќе биде слободан од училиштето. Најдобар таков другар се согласиле и двајцата родители била Еврозија. Еврозија била со одговорна задача во фабриката за свила, сопственост на незиниот татко. Размислвајќи околу тоа таткото се согласил да си наложи тој самиот повеке труд во фабриката, да си најде дури и помошник, само да ја остави Еврозија слободна да го придружува насекаде својот брат. Каква грижа за своите деца!

Многу покосно кога отец Јосиф бил мисионер во Македонија и по вдахновение од Бога, сигурен дека треба да основи заедница на Сестрите Евхаристинки во која основателка треба да биде неговата сестра, по совет на неговиот начелник отец Бонети напишал писмо до исповедникот на Еврозија. Во писмото тој го моли исповедникот да разговара за таа цел со Еврозија и со нивните родители. Исповедникот на Еврозија откако разговарал со Еврозија отишол при нивната мајка. Објаснил сé детално. Болната мајка која лежела во кревет заради болеста изјавила решително: „- Нека биде сé по Божја волја!” Потоа, подигнувајќи очи кон небото таа додала: „Јас веќе посветив две од своите деца на Бога кои служат на заедницата на мисионерите – лазаристи; едната моја керка е сестра во заедницата на сестрите Сакраментинки. Ако Бог ја сака Еврозија јас доброволно му је давам, зашто таа е негова пред да биде моја.” Каква мајка? Каков одговор?

Еврозија како основателка и началница на сестрите Евхаристинки била вистинска мајка за сестрите, вистинска мајка за сираците, вистинска мајка за сите бедни и болни луге,за сите кои барале помош или совет од неа,за сите со кои се среќавала.

Децата, а особено сираците имаа едно широко место во нејзиното благородно срце сведочи една сестра, која живеела со неа во „Добротоврното дело на о. Јосиф и сестра Еврозија Алоати”… Ако случајно донесоа некое сираче на некој празникм, а особено на нејзиниот именден, продолжува таа сестра никогаш не го враќаше и велеше: „Тоа е подарак од небото.”

Ги сакаше сиромашните сведочат сестри кои живееле со неа и беше среќна што можеше да им помогне.

Воспитувањето и примерот што родителите ги даваат на своите деца не остануваат закопани.Тие продолжуваат да живеат  во нивните деца.

Што би ги прашале денес Петар и Катерина добрите родители од 21 век. Најверојатно следното.

Се трудете ли драги родители целото ваше семејство да биде редовно на света Литургија во недела и големите празници и како ги приложувате на дело проповедите на свештеникот?

Дали водите сметка како вашите деца се однесуваат кон храната, кон облеката, едни кон други, со другите деца. Навидум ситница но……?

Имате ли заедничка молитва со своита деца во својот дом? Одделувате ли време за катехизам со своите деца?

Каков е вашиот однос кон нив; Какви се вашите меѓусебни односи?

Спремни ли сте да го дадете своето дете да служи на Бога како свештеник, редовник, чесна сестра, ако Бог тоа бара од вас?

Семејството е исто и во 19 век и во 21 век. Божјите и црковните заповеди се исти.

Нека Господ Бог помогне на секоје семејство да биде среќно, вистинско христијанско во кое ќе царува љубов и радост како во семејството на Катерина и Петар Алоати од Торино. Секое семејство нека биде вистинско назаретско семејство, во кое ќе се слави Бог, ќе се почитуваат родителите, ќе се воспитуваат во Бога децата.

 Од “Добротворното дело на отец Јосиф и сестра Еврозија Алоати”

 Сестри Евхаристинки Гевгелија

 

Категорија: духовнитекстови

За авторот