Вечерна богослужба за зачувување на животната средина
Папата Фрањео на 1 септември 2016 година во базиликата Свети Петар во Ватикан ќе служи Вечерна богослужба за зачувување на животната средина, соопштено е од Ватикан. Од минатиот 1 септември Католичката црква го прославува како молитвен ден за зачувување на животната средина. Со ова се приклучува кон иницијативата на цариградскиот патријарх Вартоломеј.
Минатото лето папата Фрањо ја објави енцикликата ‘Лаудато си’ за зачувување на животната средина, со што животната средина за прв пат стана тема на една енциклика.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Ватикан