Папата: Без правото на образование нема целосна слобода

Папата: Без правото на образование нема целосна слобода

Светскиот ден на описменувањето кој се одбележува на 8 септември нѐ потсетува на неотуѓивото човеково право. За тоа зборува Симоне Сарча од светската хуманитарна организација CESVI која делува во Хаити ангажирајќи се за да обезбеди образование за околу 800 деца дневно.

Без право на образование нема целосна слобода која на секој човек му овозможува да биде протагонист на сопствената судбина – со таа твитер порака објавена на профилот @Pontifex, папата Фрањо се осврна на Светскиот ден на описменувањето кој се одбележува на 8 септември. Тој ден во 1966 година го воспоставува УНЕСКО за описменувањето да се промовира како средство за зајакнување на поединците и заедниците.

Не смееме да ги заборавиме 800 милиони луѓе поголемиот дел жени и деца на кои сѐ уште им го негираме основото право за образование; право кое е цврсто поврзано со заштитата на мирот и развојот на секоја земја – истакна во разговор за Ватикан њуз Симоне Сарча, работник во италијанската хуманитарна независна организација CESVI која делува во една од најголемите населби со бараки во главниот град на Хаити, зборувајќи токму за проектите за описменување во сиромашните земји. Алфабетската интервенција за децата во Хаити не претставува само нормален когнитивен и општествен развој, туку значи да имаат и сигурно место на кое можат да го поминат денот, затоа што инаку би биле изложени на опасности од злоупотреба, насилство, ропство и напуштеност – истакна Сарача.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот