Велигденска порака на христијанските поглавари од Ерусалим

Велигденска порака на христијанските поглавари од Ерусалим

Потребна ни е молитвата која е упатена до Бог за луѓето кои одат по патот на крстот, за оние кои страдаат на овие простори и во целиот свет– порачаа по повод Велигден патријарсите и христијанските водачи на Ерусалим.

Потребна ни е молитвата која е упатена до Бог за луѓето кои одат по патот на крстот, за оние кои страдаат на овие простори и во целиот свет, и за сите оние кои страдаат во тишина; за бегалците, барателите на азил и раселените лица; за оние кои се угнетувани, за оние кои се во потреба и оскудица; за сите жртви на насилството и дискриминацијата, и за сите оние кои се борат за правда и помирување – порачаа по повод Велигден патријарсите и христијанските водачи на Ерусалим, вклучувајќи го и надбискупот Пјербатиста Пицабала, апостолски администратор на Латинскиот патријархат и отец Франческо Патона кустос во Светата Земја.

Од Ерусалим местото каде што Христос воскресна од мртвите го испраќаме својот благослов до верниците кои го слават Воскресението во ова благословено време – напишаа поглаварите на христијанските Цркви во својата порака и потсетија: Ова е време кога христијанското семејството во светот се присетува на Божјото спасителсно дело во животот, смртта и воскресението на Исус Христос. Ерусалим градот на надежта и воскресението, останува свет симбол на Божјото спасение и одраз на небесниот Ерусалим кој треба да дојде.

Всушност тоа свето заедничко и духовно обележје на Ерусалим и понатаму е светилник на надежта, мирот и животот за луѓето од ова подрачје и во целиот свет. Се молиме ние овде во Светата Земја да можеме да продолжиме непречено да ја исполнуваме својата света должност како сочувствување на живо Евангелието, за да им служиме на сиромашните и на оние кои бараат правда и да одиме во светлината на љубовта на воскреснатиот Христос – истакнуваат христијанските водачи, а пренесе католичката агенција Сир.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот