Ватикан: Концерт со сиромасите за сиромасите

Милосрдие на крилата на музиката. Тоа ќе биде мелодијата што на 14 мај, на празникот на Вознесението Господово, во салата Павле Шести во Ватикан, ќе се организира концерт за подршка за каритативните дела на папата Фрањо. На тој настан организиран под покровителство на Апостолската канцеларија за милосрдие, главни протагонисти ќе бидат сиромасите.

„Со сиромасите за сиромасите“, тоа е мотото кое ќе ги поврзе музиката и милосрдието. Цртата на животот меѓу своите ноти го има и она прекрасното, а тоа е љубовта, рече монсињор Диего Џовани Равели, водител на Апостолската канцеларија за милосрдие. Вистински протагонисти на тој настан ќе бидат нашите браќа кои се во најголема потреба. Тие се почесни гости! На нив ќе им бидат дадени почесни места! И тоа не заради тоа што сакаме да направиме добро дело, туку затоа што мораме да научиме во нив да го видиме Исус, истакна монсињор Равели.

Потсетувајќи потоа на секојдневното залагање на Апостолската канцеларија за милосрдие за оние кои се во најголема потреба, монсињор Равели рече дека сето тоа се овозможува преку Каритативниот фонд. Приходите се од слободните прилози на приватни лица, групи, фабрики или организации, како што е на пример, овој концерт или пак лотаријата за Папските дела на милосрдие; но и прилозите кои ни пристигнуваат директно од раката на Светиот Отец, истакна монсињор Равели.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот