Ватикан и Кина: Патот е долг

Помеѓу Народна Република Кина и Ватикан има „дух на добра волја“ на двете страни. Ова го изјави Државниот секртар на Светиот Престол кардинал, Пиетро Паролин за весникот Авенир. Меѓудругото во интервјуто за овој весник, станува збор за односите со Кина, држава со која Ватикан нема воспоставено дипломатски односи. Како државен секретар кардинал Паролин е одговорен за политиката и дипломатијата на Ватикан.

На Црквата ѝ е важно да биде возможно истовремено да се биде кинески граѓанин и да може да живее како христијанин. Патот на взаемно запознавање и доверба има потреба од време и трпеливост, истакнува кардиналот. Има потреба од реални решенија.

За ситуацијата на католиците во земјата, кардинал Паролин го отфрла согледувањето дека таму постојат две цркви, една која е верна на државата и друга која е верна на Рим. Тоа не било случај ниту во минатото, ниту пак сега. Постојат две разединети заедници, но и двете сакаат да бидат во заедништво со Петровиот наследник. И двете заедници се оптоварени со тешкотиите од минатото, но и двете даваат сведоштво за верата. „Светиот Престол посакува, не во далечна иднина, двете заедници да се помират“, изјави кардинал Паролин, кој веќе од порано се ангажира за подобрување на односите со Кина.

Папата Фрањо изрази желба да ја посети Кина. „Дали би сакал да одам во Кина? Секако, и тоа уште утре!“ рече папата Фрањо на новинарите за време на летот за Кореја.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот