Ватикан ги помага најзагрозените семејства во Рим

Само во октомври Папската канцеларија за милостиња издаде повеќе од 200.000 евра помагајќи ги најсиромашните за нивните основни човекови потреби, електрична енергија и вода,

објавено е во Ватикан во петокот 14 ноември. За мигрантие се потрошени повеќе од 50.000 евра од канцеларијата за милостиња, раководена од полскиот бискуп Конрад Крајевски, за да можат законски да се регистрираат во владините институции.

Од Ватикан е објавено дека во понеделник 17 ноември ќе се монтираат и тушови за бездомници на плоштадот Свети Петар во близина на тоалетите за поклоници.

Раководителот на Папската канцеларија за милостиња, монсињор Крајевски сериозно ги сфати зборовите на папата Фрањо: „Вашата сметка е добра ако е празна. Тогаш може да се наполни“.

За поддршка на мигранти, сиромашните и бездомниците, предвидено е папата Фрањо да се обрати следната недела до учесниците на Втората меѓународна конференција за исхрана. Таа ќе биде организирана од 19 до 21 ноември во Рим од страна на ФАО и СЗО, Организацијата за храна и земјоделство на ОН и Светската здравствена организација.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот