Бог нека не чува и спаси од духот на световноста
Бог нека не чува и спаси од духот на световноста кој тргува со се, а не само со верските вредности – посака Папата во проповедта на светата Литургија на 18 ноември во домот Света Марта. Исто така предупреди да се чуваме од„доминацијата на едноумната глобализација“, како плод на таа световност.
Коментирајќи го читањето од Прва Книга Макавејска, Папата говореше за „изопачениот корен“ на световноста. Народен водач, не сакајќи народот да биде изолиран од другите народи, ја запоставува сопствената традиција; преговара со паганскиот цар и поради тоа се среќни. Како да кажале – рече Папата – напреднавме; со напредокот одиме таму каде што одат и сите други народи“. Станува збор за „дух на незрело напредување, кое смета дека е подобро да одиш било каде, отколку да останеш верен на сопствените обичаи. Тој народ се погодил со царот за „постојаната верснот на верниот Бог“. Тоа е отпадништво, односно прељуба. Тие не влијаеле само за некои вредности, туку и за она што е важно за нивниот живот: верноста на Бог – објасни Папата.
Во ова е противречноста: не тргуваме со вредностите, туку со верноста. А тоа е ѓаволски плод, на кнезот од овој свет, кој предизвикува во нас световен дух. Следуваат последиците: кога ги прифатиле паганските обичаи, царот пропишал дека во неговото царство мора да биде само еден народ и секој мора да се откаже од своите обичаи. Единство на народите не е убава глобализација, туку обединување со почитување на сопствените обичаи: Глобализацијата е доминација на еднообразноста, едноумието. А едноумието е плод на световноста – рече Светиот Отец.
А потоа, сите народи се прилагодија со заповедите на царот, го прифатиле и неговиот култ, жртвувале идоли и повеќе не ја славеле саботата. Чекор по чекор, на тој пат се напредува. На крајот царот на олтарот изградил „мерзост на запустенението“- потсети Папата.
Но некој би можел да каже: „Оче, всушност тоа и денес се случува?“ Да. Бидејќи и денес постои духот на световност и денес нѐ заведува желбата да бидеме „напредни“ во едноумието. Ако кај некој не се најдела книгата на Сојузот и ако некој не се покорува на законот, царот го осудувал на смрт: за тоа во последните месеци читавме во весниците. Тој народ тргувал со сопствената верност кон Бог; тој народ, носен од духот на световноста, тргувал со сопствениот идентитет; со припадноста на народот кој Бог многу го љуби и кој го избра за свој народ – рече Папата.
Денес се мисли – продолжи Папата – дека мораме да бидеме како другите, односно „нормални“, како што сите се прилагодуваат на тоа незрело напредување. А потоа, следи историјата: смртна осуда, човечки жртви. Мислете ли дека денес тоа го нема; дека нема човечки жртви? Има многу. А има и закони кои ги заштитуваат – кажа Светиот Отец.
Но, она што нас нѐ утешува е тоа дека Бог е верен; не може да се негира себе пред нападот на световниот дух, пред кнезот од овој свет, пред неверството. Тој секогаш нѐ чека и нѐ љуби и ни простува, ако се каеме поради било која работа со која правиме чекор кон тој световен дух и му се враќаме – на Верниот Бог, неверниот народ. Со дух на деца на Црквата, да го молиме Бог по својата доброта и верност да нѐ спаси од световниот дух кој тргува со сѐ; да нѐ заштити и да нѐ води напред, како што тоа го прави со својот народ во пустината, држејќи го за рака, како татко своето дете.Во Божјите раце ќе бидеме сигурни – заврши папата Фрањо.
РВ/Д.И.