Благодарност на Папата за сведоштвото на Кармен Хернандез

Во катедралата во Мадрид попладнето на 21 јули беше одржан последниот поздрав за Кармен Хернандез, неодамна починатата сооснователка на Неокатекуменскиот пат. За време на церемонијата беше прочитана пораката испратена од папата Фрањо.

Со тага ја примив веста за смртта на Кармен Хернандез, која стигна до крајот на долгиот живот обележен со љубов кон Исус и кон големиот мисионерски ентузијазам – стои во пораката од Папата. Во оваа болно отсуство духовно сум близок со целиот Неокатекуменски пат, како и со оние кои ја ценеа нејзината апостолска ревност, која пред сѐ се конкретизирала во покажувањето на патот за повторно откривање на крштението и на континуираното воспитување во верата – пишува Светиот Отец.

Го истакна нејзиното сведочење, „анимирано со искрена љубов за Црквата“ и напомена дека Хернандез својот живот го истрошила „навестувајќи ја радосната вест во секоја можна средина“, дури и во оние кои даваат голем отпор, „незаборавајќи ги најмаргинализираниите луѓе“.

Светиот Отец ги охрабри членовите на Неокатекуменскиот пат да го „одржат жив нејзиниот евангелизациски немир“, дејствувајќи во заедништво со епископите и свештениците, со трпение и милосрдие кон сите. На крајот од пораката душата на Кармен Хернандез ја довери на „божествената добрина, со цел да би ја примила во радоста на вечното воскресение“ и на сите на погребот им го додели својот апостолски благослов.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот