Блажен Иван XXIII, папа

Блажен Иван XXIII (Анџело Џузепе Ронкали) е роден на 25 ноември 1881. година во Ломбардиското село Сот ил Монте (Sotto il Monte). Семинарија учел во Бергамо, а теологија студирал во Рим каде е и ракоположен за свештеник.

Во епархијата Бергамо служи во семинаријата и работи со младите. Станува професор во Рим по патристика на Латеранскиот универзитет, а 1925 година е хиротонисан за епископ.

Влегува во дипломатската служба на Светата Столица и заминува за Бугарија, Турција и Грција, а тоа било за време на Втората светска војна. Во 1945 година е именуван за нунциј во Париз, а во 1953 година папата Пио XII го именува за кардинал и  патријарх на Венеција. На 28 октомври 1958 година е избран за Папа.

Поттикнат од Светиот Дух во 1959 година го најавува Вториот ватикански собор. На 11 октомври 1962 година во базиликата Свети Петар свечено го отвора Вториот ватикански собор. Умира на 3 јуни 1963. година на 82 годишна возраст, оплакуван од католиците, но и од многу луѓе со добра волја. Во 2000 година е прогласен за блажен од страна на папата Иван Павле II.

Превод: сестри Евхаристинки – Гевгелија

Категорија: Сведоштва

За авторот