Бискупот Јуре Богдан: На потег се државата и работодавците
Во недела 2 октомври 2016 година во хрватското поклоничко место Марија Бистрица се одржа традиционалното поклонение на хрватската војска, полиција и бранители. Светата Литургија ја предводеше воениот ординариј во Хрватска Јуре Богдан во заедништво со воениот ординариј на БиХ, бискупот Тома Вукшиќ.
Во својата проповед, покрај другото бискупот Богдан се осврна и на семејство, при што рече:
„Многу се важни конкретните мерки за заштита и помош на семејството. Црквата во својата општествена наука, на пример ја истакнува неопходноста од таканаречената „семејна плата“, односно плата која ќе овозможи издржување не само на вработениот, туку и на неговото семејство. Во согласност со основниот принцип на солидарност, неопходно е да се спроведеат соодветни економски и политички мерки кои ќе обезбедат праведна плата и ќе се предвиди парична помош на семејствата, на пример во облик на семеен додаток или додаток за мајката домаќинка.
На потег се државата и работодавците. Без здрави и стабилни семејства нема иднина. Тоа би требало да му е јасно на секој, без разлика на неговиот светоглед или политичко определување. Поради тоа во сите економски и развојни програми треба да се води сметка за семејствата и неговите права. Знаеме за економската и финансиската состојба на нашата земја, но истовремено да не забораваме дека секое вложување во семејството истовремено е вложување во иднината на хрватската држава и Европа.“
Поклонението на хрватската војска, полиција и бранители заврши во поладневните часови со молитвата Крстен пат, а го предводеше монс. Богдан, а на дванаесетата постојка проповедаше полицискиот капелан дон Дарко Пољак.
к.мк