Патријархот Сако најави дека ќе се пресели во Курдистан

Патријархот Сако најави дека ќе се пресели во Курдистан

Соопштението доаѓа по одлуката на ирачкиот претседател, Абдул Латиф Рашид, да го отповика декретот од 2013 година со кој кардиналот се признава за патријарх на Халдејската црква.

Кардиналот Луис Рафаел Сако, халдејски патријарх на Вавилонија, јавно ја објави својата намера „да се повлече од Патријаршиското седиште во Багдад и да се пресели во еден од манастирите на ирачки Курдистан“.

Неговата објава, објавена на арапски на официјалната веб-страница на Халдејската патријаршија во сабота, 15 јули 2023 година, следи по одлуката донесена од претседателот на Ирак, Абдул Латиф Рашид, да го отповика декретот од 2013 година од претходниот претседател на државата, Џалал Талабани, со кој кардинал Сако се признава за патријарх на Халдејската црква.

Отповикувањето „е без преседан во историјата на Ирак“, нагласи кардиналот, истакнувајќи го „молкот на владата“ за инцидентот и страдањата на христијанската заедница.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот