Префектот на Конгрегацијата за прогласување на блажени и светци кардиналот Марсело Семераро во неделата на 12 септември 2021 година во Варшава ја предводеше светата Литургија на која ги прогласи кардиналот Стефан Вишински и Мајка Елизабета Ружа Чацка за блажени.
Славењето е одржано во црквата Божја Провидност
Кардинал Семераро изрази благодарност до кардиналот Вишински што како примас на Полска дал отпор на комунизмот во име на Црквата и Мајка Чацка слепа монахиња која ја променила грижата за лицата со оштетен вид, со што покажала „модел на служење.“
Рече дека двајцата нови блажени од полскиот народ го примиле „непроценливото богатство на верата и живост на вековната традиција на љубов кон Бог“. За возврат му понудиле „доживотно уверување во Божјото првенство (Soli Deo – Само Бог – било епископското гесло на кардиналот Вишински), и дека тој е способен да му го врати на човекот достоинството.“ (…)
На беатификацијата присуствувале сведоци на чудата кои се случиле по застапништво на новите блажени. Осумнаесетгодишната Каролина Гаврич носеше реликвијар со моšтите на блажена Елизабета Ружа Ќацка преку чиј заговор закрепнала по тешка несреќа. Реликвијарот со моштите на блажениот Стефан ги носеше с. Нула која оздравела од петсантиметарски тумор во грлото откако нејзината монашка заедница се доверувала на неговиот заговор. (…)
Беатификацијата е прославена во исто време кога и завршната света Литургија на 52 Меѓународен евхаристиски конгрес во Будимпешта која ја предводеше папата Фрањо. Светиот Отец во наговорот по молитвата Ангел Господов се осврна и на тој настан.
„Денес недалеку од овде во Варшава двајца сведоци на Евангелието се прогласени за блажени: кардинал Стефан Вишински и Елизабета Чацка основачка на Сестрите фрањевки Служителки на Крстот. Два лика кои од блиску го запознале крстот: полскиот примас, фатен и малтеретиран, секогаш бил храбар пастир кон Христовото срце, гласник на слободата и човечкото достоинство; сестра Елизабета која го загубила видот многу млада, цел живот се посветила на помагање на слепите. Нека примерот на новите блажени нè оттикне со силата на љубовта да ја претвориме темнината во светлина,“ порача Папата.
Ватикан њуз/к.мк