Епископот Стојанов упати честитки до новоименуваните епископи Стипиќ и Вечерин

Епископот Стојанов упати честитки до новоименуваните епископи Стипиќ и Вечерин

На 10 септември 2020 година Скопскиот бискуп и Струмичко- скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов упати писмо со честитки до новоименуваните бискупи на Крижевската епархија и Суботичката бискупија, монс. Милан Стипиќ и монс. Славко Вечерин.

Во двете одвоени писма со честитки епископот Стојанов, во свое име и во име на свештениците, монашките заедници и верниците од Македонија ја истакнува својата радост за именувањата.

Во честитката до монс. Стипиќ бискупот Стојанов му посакува во „посланието и сведочењето на Исус Христос, во новата служба, нека ве следи застапништвото на Блажена Девица Марија – Мајка на Божјата милост“.

Во честитката на бискупот Стојанов до новоименуваниот Суботички бискуп. монс. Славко Вечерин стои: „На оваа одговорна служба нека ве прати Божјиот благослов и заштита на Марија Мајка на Црквата.“

Во вторник 8 септември, според Грегоријанскиот календар на празникот Раѓање на Пресвета Богородица е објавено дека папата Фрањо го именува монс. Милан Стипиќ за Крижевски епископ, а за Суботички бискуп Папата го именува монс. Славко Вечерин.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот