АРГЕНТИНСКАТА ВЛАДА ПОТТИКНУВА ЛАЖНИ ОБВИНУВАЊА ПРОТИВ ПАПАТА

Париз, 29.3.2013 /к.мк/ – Лажните обвинувања против папата Фрањо за неговата поврзаност со воената диктатурата (1976-1983) се поттикнати од Аргентинската влада објаснува еден адвокат на жртви од режимот. Обвинувањата дека Хорхе Бергољо како провинцијал на Исусовците во Аргентина не се заземал доволно за двајца киднапирани свештеници се поттикнати од Владата на Аргентина – сегашната на Христина Фернандез де Кирхнер и на починатиот нејзин сопруг Нестор Кирхнер (2003-2007) и се распространети во јавноста, вели адвокатот Хорасио Мендез Карерас, според  дневниот француски весник “La Croix”, како што извести во средата германската католичка новинска агенција КНА.

„За да ги дискредитира противниците, таа ги обвинува на соучесништво и молчење во времето на диктатура“, вели адвокатот кој ги застапува семејствата на двете француски чесни сестри убиени за време на диктатурата. Обвинувањата против папата Фрањо се погрешни. Според весникот, односите меѓу Бергољо, кој од 1998 е архиепископ на Буенос Аирес и Нестор и Христина Кирхнер кои од 2003 се на власт, драстично се влошиле, бидејќи Бергољо јавно говорел и се противел на сиромаштијата и корупцијата во државата, како и неговото противење на законите за истополови бракови и евтаназијата.

Весникот “La Croix” цитира еден Исусовец и пријател на еден од киднапираните Исусовци, Хуан Карлос Сканоне. Тогаш Бергољо направи сѐ за да ги најде и ослободи киднапираните свештеници Исусовци Орландо Јорио и Франциско Јаликс, рече Сканоне. Во тој поглед Бергољо свесно се доведе двапати самиот во опасност сретнуваќи се со диктаторот Хорхе Рафаел Видела и со адмиралот Емилио Едуардо Масера.

“La Croix” исто пренесува изјава на поранешен Аргентински амбасадор во Рим дека Бергољо недоволно ги подржувал двајцата свештеници. Но Бергољо по ослободувањето на свештеникот Јорио од заложништво го организира неговото доаѓање во Италија, вели весникот.

Обвинувањата против тогашниот архиепископ на Буенос Аирес, се покренати пред сѐ од новинарот и директорот на дневниот весник близок до власта “Паџина 12”, Харасио Вербитски. Влијателните аргентински групи за „човекови права“ кои се противат на црковната хиерархија се приклучија на обвинувањата, вели “La Croix”./с.м/

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<