Аргентинските епископи изразија загриженост заради Протоколот за прекин на бременоста со кој на девојките од 13 години им е овозможено абортус дури и без родителска согласност, и заради воведувањето на нови абортивни фармацевски средства. Сметаат дека новите норми се во спротивност со аргентинскиот Устав
Аргентинската епископска конференција ја објави божиќната порака насловена „Зашто Младенец ни се роди – Син ни се даде“ (Исаија 9,5), во која се осврнуваат на неодамна одобрениот Протокол за легален прекин на бременоста со кој се овозможува абортус на девојки на возраст од 13 години, дури и без согласност на родителите. Со тој протокол, кој го одбри аргентинското министерство за здравство, освен тоа сака да воведе и нови абортивни фармацевски препарати како мифепристон, исто така познат под називот RU-486.
Моментално во Аргентина абортусот е легален само во случај на силување или загрозено здравје на мајката. Со новите мерки пак се сака во целост да се легализира без оглед што сенатот веќе гласаше против тоа. Аргентинските епископи затоа изразија загриженост, нарекувајќи го спомнатиот протокол непримерен и истакнувајќи дека граѓаните се за достоинството и светоста и неповредливата вредност на животот.
Меѓу останатото, епископите порачаа дека Бог во сиромаштвото во јаслите дава поука за достоинството на човечкиот живот, додавајќи дека ги боли и загрижува начинот на делувањето на институцијата која избегнува разумна и демократска расправа за заштитата на животот, првото човеково право. Постои нормативна хиерархија која со наметнувањето на тој протокол ја прекршува еден министер, спротивно на националниот Устав, граѓанскиот законик и другите прописи кои го штитат животот од зачнувањето – истакнуваат епископите и на крајот изразуваат надеж дека никому нема да му биде скратено правото на достоинствен живот, семејство, уверување и среќа.
Ватикан њузк.мк