Папата Фрањо се врати во Ватикан

Папата Фрањо се врати во Ватикан

Авионот со кој Светиот Отец се врати од Панама слета на римскиот аеродром Чијампино во понеделник, 28 јануари околу 11.15 часот. Папата Фрањо веднаш по слетувањето замина во базиликата Света Марија Велика, каде се помоли пред иконата на Богородица „Спасение на римскиот народ“ и се заблагодари за успешното завршено патување.  Во таа прилика Папата положи и букет цвеќе на олтарот како знак на благодарност.

После четири интензивни дена поминати во Панама на 34. Светски ден на млади, папата Фрањо се врати во Рим од своето 26 Апостолско патување.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот