Шри Ланка: На тројца бискупи им е забрането да коментираат за работата на владината комисија
Владина комисија во Шри Ланка која ги истражува минатогодишните велигденски атентати им забрани на тројца помошни бискупи во Коломбо да коментираат за работата на Комисијата сѐ додека не заврши истрагата.
Тројцата епископи објавија соопштение пред неколку дена со кое ги отфрлија тврдењата на поранешниот министер дека надбискупот во Коломбо, кардиналот Малком Ранџит бил предупреден дека може да се случи атентат на Велигден 2019 година.
Епископите огорчени го отфрлаат ова тврдење дека бил кој црковен службеник знаел за опасноста од атентат и повторно ја повикаа владата конечно да расчисти кој стои зад атентатот.
Во нападите на 21 април 2020 година на три цркви и три хотели животите ги загбија 279 лица, а повеќе од 600 беа повредени. Одговорноста ја презеде т.н. Исламска држава, но до денес нема никакви апсења, ниту пак е започнат некаков процес.
Комисијата му нареди да молчи и на поранешниот претседател на државата. Истата таа комисија го сослуша кардинал Ранџит во декември минатата година, кој се закани со улични протести доколку комисијата и понатаму не сака да работи на расчистување на атентатот.
Ватикан њуз/к.мк