Папата Фрањо го отвори 75 заседание на Италијанската епископска конференција

Папата Фрањо го отвори 75 заседание на Италијанската епископска конференција

Во понеделник попладне, откако го напушти Домот Света Марта, папата Фрањо се упати во хотелот Ергифе Палас во Рим каде во 16.00 часот, на строго приватен состанока со италијанските бискупи, го отвори 75. вонредно генерално собрание на италијанските бискупи.

Конференцијата (CEI) која се одржа од 22 до 25 ноември на тема „Синодалниот пат на црквата во Италија“ започна во мај минатата година, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Заминувајќи од домот Света Марта, Светиот Отец пристигна во хотелот нешто порано од 16.00 часот и приватно се сретна со италијанските епископи. Папата Фрањо по пристигнувањето го пречека кардинал Гуалтиеро Басети, надбискуп на Перуџија и претседател на епископската конференција, потоа потпретседателите на епископската конференција: надбискупот опат на Модена- Нонантола и епископ на Карпи Ерио Кастелучи, надбискупот на Каљари Џузепе Андреа Салваторе Батури и бискупот на Ациреале, Антонино Распанти и генералниот секретар на епископската конференција монс. Стефано Русо, епископ во мирување од бискупијата Фабријано-Мателица

На почетокот на разговорот како што известува Канцеларијата за печат на Светиот Престол, папата Фрањо им врачил икона со ликот на Добриот Пастир и со текст „Блаженства за епископот“. Средбата завршила нешто пред 18.00 часот и Папата се вратил назад во Ватикан.

Во поздравниот говор до Папата, претседателот на Епископската конференција на Италија кардинал Гуалтиеро Басети му се заблагодарил за дарот на присуството и цитирајќи го Павле VI го уверил дека во центар овие денови ќе биде повторно во мислите да се откријат Христовите зборови и приликите за оживување на верата, но и моменти за размислување за синодалниот пат започнат со заседавањето во мај во сите заедници и во целосна согласност со Епископската синода.

Генералниот секретар монс. Стефано Русо во разговор за медиумите говореше дека тоа бил еден многу убав и семеен момент и додаде дека иконата која Папата им ја врачил е поттикн епископот секогаш да биде сведок на милосрдието. Главната темата на ова заседавање кажа монс. Русо е синодалното патување на Црквата во Италија. Живееме во време на слушање и како и секогаш Папата пред сѐ сведочи за тоа. Денес дојде меѓу нас епископите и слушаше, рече на крајот монс. Русо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот