Црквата во Нигерија моли за киднаприраните девојки

Црквата во Нигерија со голема загриженост ги следи трагичните случувања за 200 ученички, кои се киднапирани на северот од земјата на 14 април 2014 година. Последните две недели, после светите Литургији посебно се моли тие девојки да се вратат што побрзо во своите семејства – рече за агенцијата Фидес, патер Патрик Тор Алумук, управител на канцеларијата за информирање во надбискупијата Абуј.

Повеќе земји и понудија на Нигерија помош со цел да се ослободат ученичките од рацете на Боко Харам, муслиманска секта, која бара во замена за девојките да се ослободат нејзини членови затворени во нигериските затвори. Патер Патрик на крајот изрази надеж дека ситуацијата на крајот ќе се реши позитивно.

РВ/го*ко

Категорија: Свет

За авторот