По повод денот на Европа: Знамето на Европската Унија е Богородично знаме

По германско-францускиот договор на 9 мај 1950 година за обединување на индустријата за јаглен и челик под заедничка власт, на 18 април 1951 година е основана Европската заедница за јаглен и челик, а на 25 март 1957 година е потпишан Римскиот договор за основање на Европската економска заедница. После тоа на 19 март 1958 година е основан и Европскиот парламент. По здружувањето на различните дејности на 1 јули 1967 година почна да се користи само називот Европска заедница, а Европската Унија формално е основана со Договорот од Мастрихт на 7 февруари 1992 година.

После Лисабонскиот договор од 1 декемви 2009 година Европската Унија има 27 држави членки, а од 1 јули 2013 пристапува и Република Хрватска како 28 членка.

Веднаш по првите обединувања, државите членки се обиделе да најдат решение за знамето на меѓувладини и наднационалните заедници на европските држави, но се откажале од понудените предлози.

Затоа на 18 август 1950 година распишан е конкурс за ново знаме на обидинетата Европа. Од конкурсот до освојувањето во предност било бели или златни ѕвезди на сина позадина. Како дошло до денешното знаме никогаш службено не е објавено, но се шпекулира дека победил францускиот ументник Арсене Хеитц.

Случајно или намерно на празникот Безгрешно зачнување на Блажена Дева Марија на 8 декември 1955 година Советот на Европа го прифати решението знамето да биде со 12 златни ѕвезди на сина позадина.

Истото знаме на 11 април 1983 година го прифати и Европскиот парламент, а на 16 март 1986 и Европската Заедница. Со Договорот од Мастрихт од 1992 година е потврдено и како службено знаме на Европската Унија.

Знамето на Европската Унија во сооднос 3:2, има круна од 12 златни ѕвезди на сина позадина. Ѕвездите не ротираат околу оската туку се правилно распоредени во круг како броевите на часовникот.

Арсене Хеитц автор на знамето на Европската Унија во разговор за списанието Лурдес во 2004 година изјави дека како член на маријанско здружение и носител на Чудотворниот медал на Богородица за предлогот добил вдахновение во светата молитва која ја прикажува на Богородица Безгрешно Зачната со златна круна на главата опишана како во Книгата Откровение: „И голем знак се покажа на небото: жена, облечена во сонце; под нозете нејзини беше месечината, а на главата нејзина – венец од дванаесет ѕвезди.“ (Отк 12, 1).

Ликовниот мотив – круна од 12 ѕвезди – е познат во христијанската уметност. После укажувањето на Богородица на 27 ноември 1830 година, света Катарина Лабуре го препорачала на верниците чудотворниот медал кој на себе има круна од 12 ѕвезди. Таков медал носела и света Бернардица Собироус кога на 11 февруари 1859 година прв пат и се укажала Богородица во Лурд; истата медалка како што истакнал, ја носел и Арсене Хеитц победник на конкурсот за знаме на Европската Унија.

Така светиот симбол, corona stellarum duodecim – круна со 12 ѕвезди на Жената од Откровението, стана симбол на обединетите европски народи, а знамето на Европската Унија – маријанското знаме.

Шефот на Одделот за култура при Европскиот Совет – евреин од Белгија Паул Михале Габриел Леви кој преминал на христијанство, во овој предлог видел сојуз помеѓу Евреите и христијаните, бидејќи жената од Откровението, како Сионска Ќерка, е врска помеѓу Стариот и Новиот завет, помеѓу 12 племиња Израелови и 12 Исусови апостоли.

Сигурно така размислувале и татковците на Европската Унија – Конрад Аденауер, Алсид Де Гаспери и Роберт Шуман, бидејќи се водени од христијанската наука, верувале дека Европа е ќерка на христијанска Мајка.

Иако во Лисабонскиот устав од 10 јули 2003 година не е спомнато дека Европа почива на христијански темели сепак можеме да кажеме дека Уставот директно го почитува Богородица кога потврдувајќи со своите симболи одлучи знамето на Европската Унија да се состои од 12 златни ѕвезди на сина позадна. Овој симбол е многу препознатлив како христијански и не можеше да се негира, во историското лукавство ниту „големиот црвен змев“ (Отк 12,3).

Се оствари така она што папата Пио XII во повикот за обединување на европските нации на 3 март 1953 година го кажа кога Богородица ја нарече дека е „Мајка на сите народи“. А миланскиот надбискуп Џовани Монтини подоцна папата Павле VI на планината Серенисима по повод благословот на Богородичната статуа нагласи дека „Наша драга Богородица е Владетелка на Евопа.“

Без оглед дали знамето на Европската Унија е само уметничка случајност или настанало како плод на христијанската идеја, гледајќи го знамето сите католици како почитувачи на Богородица можат со гордост да и запеат песна на Жената од Откровението: „отсега ќе ме ублажуваат сите родови“ (Лк 1,48).

Откако Круната на Богородица ги обедини сите европски народи, без оглед на иронијата на Уставот, можеме да заклучиме дека Европската Унија е вистински знак на Небото бидејќи во својот корен е – Imperium Marianum – Царството на Марија.

Фрањевци Сплит/Д.И.

1731

Категорија: Колумни

За авторот