Пораката на папата Фрањо за Светскиот ден на мирот

Без братство не е возможно да градиме праведно општество и траен мир, истакнува папата Фрањо во својата прва порака за Светскиот ден на мирот, кој се одбележува првиот ден во новата година. Темата на пораката е „Братство – темел и пат за мир“. Папата во пораката упатува искрена желба, оние кои сеат насилство и смрт да се откажат од оружјето и ја разобличува корупцијата и организираниот криминал.

Откажете се од оружјето и појдете кон другиот со дијалог, простување и помирување за да градите праведност, доверба и надеж околу вас, порачува Папата на оние кои „со своето оружје сеат насилство и смрт“. Папата додава: „Повторно откријте во оној кој го сметате за непријател, кој треба да го убиете, (откријте го) својот брат и запрете ја раката.“ Светиот Отец повикува на „преобраќање на срцата“ и упатува силен апел на „општо разоружување, почнувајќи од нуклеарно и хемиско разоружување“.

Рамка на документот е темата за братство, „важна димензија на човекот“, без кое не е можно да градиме праведен мир и цврст и траен мир. Братство кое нема пред очите еден заеднички Отец, како свој последен темел, нема да опстане затоа што вистинското братство претпоставува и бара „трансцедентално татковство“. Коренот на братството е содржан во Божјото татковство, татковство кое раѓа братство и кое го преобразува нашиот живот. На тој „повик“ на братство денес често се спротиставува „глобализација на рамнодушноста“ во која полека се навикнуваме на трпење на другиот и затварање во самите себе. Вооружените конфликти, пишува понатаму Папата, додаваат помалку видливи, но не и помалку сурови војни кои се водат на економско и финанскиско поле со исто такви разорни средства со кои се уништуваат животи, семејства и бизниси.

Папата се осврна и на моменталната економско – финансиска криза и нејзината причина ја гледа во постепеното одделување на човекот од Бог и ближниот, во алчноста за материјални добра и осиромашување на односите помеѓу луѓето и во заедницата. Папата истакнува дека  низите економски кризи мора да доведе до тоа да се преиспитаат моделите на економски развој и до промена во начинот на живот. Уште повеќе, сегашната криза може да биде поволна пригода луѓето да се вратат на крепостите на мудроста, умереноста, праведноста и силата.

Папата силно ја разобличува корупцијата и организираниот криминал. Политичката заедница, предупредува Папата, мора да делува на транспарентен и одговорен начин за да создаде мир во општеството. Граѓаните кора да се почувствуваат претставувани од јавните власти во почитување на нивните слободи. Во спротивно односите меѓу граѓаните и институциите се јавува едностан интерес кој го нагрдува тој однос, што погодува создавање на трајна атмосфера на конфлик. На крајот во пораката Папата повикува на чување на природата и упатува апел против „соблазата“ глад во светот. Природните добра нека се користат така што никој да не гладува, порачува Папата во пораката.

Лаудато/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот