Папата Фрањо: Улогата на кардиналите не е украс, туку служење

Се надевам дека во заедништво со римската Црква и облечени во крепостите и чувствата на Господ Исус, ќе ми дадете братска рака во моето служење на сеопштата Црква, пишува папата Фрањо во своето писмо до кардиналите, упатувајќи им ги своите молитви.

Истакнувајќи ја улогата на кардиналите во Црквата, Папата нагласи дека тука не се работи само за унапредување, ниту пак за некоја чест или украс.

Тоа едноставно е служба која бара да ги отворите вашите видици и своите срца. Можноста да гледаме подалеку и повеќе да љубиме, посилно се остварува само ако го следиме патот на Господ. Тоа е пат на скромност, понизност и служење“ – им порача Папата.

Поради тоа ве молам ова именување да го прифатите со едноставно и понизно срце. И покрај тоа што вашето служење треба да го извршувате со радост и задоволство, погрижете се при тоа да нема световност, освен славење во евангелски дух на скромност, трезвеност и сиромаштво“, истакна папата Фрањо.

На крајот од писмото до новите кардинали им порача дека им стои на располагање и ги замоли да се молат за него.

„Исус нека Ве благослови и Светата Девица нека ве штити“, стои во писмото на Светиот Отец.

Папата Фрањо ги објави имињата на 19 нови кардинали, кои ќе ги именува на конзисториумит на 22 февруари, додека на претходните два дена тема на разговар ќе биде семејството.

ЕВТН/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот