Папата упати порака до италијанскиот весник Ла Стампа

Папата упати порака до италијанскиот весник Ла Стампа

Во време кога сите зборуваат и се се мешаат, но не сите се подготвени да слушаат и размислуваат, улогата на стручните информации се потребни повеќе од било кога – напиша папата Фрањо во пораката која е објавена на 12 мај 2018 на страниците на италијанскиот дневен весник Ла Стампа.

Денес средствата за социјална комуникација се општо раширени средства кои на луѓето им овозможуваат големи можности. Но, токму тоа умножување на понудата од информации и интернетски страници, ја прави уште поважна улогата на стручни новинари и квалитетно новинарство – напомена Светиот Отец.

Потребно е новинатрство кое не ги почитува само правилата на професионалната етика, настојувајќи да се даде вистинската вест, туку исто така да се знае во тешката ситуација во која живееме да се понуди и добра вест, темелно проучена за која веќе се расправало и која секогаш го почитува достоинството на луѓето – истакна Папата и продлжи: Потребно ни е известување кое не паѓа во неплодна спротивност, површност и брборење. Известување кое не се задоволува само со опишување на она што веќе е во центарот на вниманието, кое не ги заборава тешките ситуации за кои никој не зборува и кое не се изморува чувствително и понизно да зборува за животите на луѓето, посебно внимавајќи на незаштитените, последните, отфрлените и оние кои немаат моќ.

Потребни ни се вести кои се во состојба да зборуваат за сложената реалност во која живееме, а да не потпаѓаат во едноставни образци и пропаганда – напиша Светиот Отец и заврши: На дневниот весник Ла Стампа, кој го обновува својот надворешен изглед и Ватикан Инсајдер, веб страница на Ла Стампа, која е посветена на верски вести, сакам на своите читатели секогаш да им нуди добри и вистинити информации.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот