Папата Фрањо се сретна со болно дете и ги охрабри родителите
Папата Фрањо на 30 март во домот Света Марта во приватна аудиенција го прими осумгодишниот Игнациј Фучиј и неговите родители. Момчето боледува од ретка болест, со само 40 регистрирани случаи во светот.
Игнациј е првото момче во Италија кое е подложено на трансплатација на коскена срж која што ја донирала неговата мајка. Од 2014 година со родителите е гостин во домот Бернадет, во Здружението за помош во превоз на болни до Лурд и меѓународните светилишта UNITALSI кое што бесплатно прима семејства чии деца се лекуваат во болницата Детето Исус (Bambino Gesu). На таа средба присуствуваше и Емануел Транчалини претседател на римскиот огранок на тоа здружение. За Радио Ватикан тој се осврна за средбата на Светиот Отец и болното момче.
Тоа беше навистина трогателен момент – рече истакнувајќи ја големата љубов која папата Фрањо ја искажа соочен со тешката ситуација на родителите и нивното дете. Исто така рече дека Папата изразил задоволство за работата на здружението кое им овозможува сместување и нагласи дека ја цени работата во прифатилиштата за болни и слаби, што за Транчалини беше посебен поттик.
Во текот на средбата јасно се гледаше големото внимание кое Папата го искажува во случаи на стрдање на деца, исто така во неговата внимателност беше слушањето на приказната на тоа момче. Неговото семејство на Светиот Отец му призна дека некое време се лутеле на Бог заради нивната ситуација. Папата Фрањо пак – како што рече Транчалини – беше многу благ и настојуваше да ги смири зборувајќи им тоа да го преобразат во молитва, да молат за сила и храброст.
Семејството беше трогнато од вниманието на Папата со тоа што ги слушал и се интересирал за она што му зборувале. Верувам дека тоа им даде голема сила. Можам да кажам дека тој е еден од големите знаци на Јубилејот на милосрдието – рече Транчилини. Притоа ја истакна големата потреба за домови кои прифаќаат болни и нивните семејства.
Светот на болестите е сокриен и за жал се спознава само кога лично ќе те погоди. Треба да ја сведочиме отвореноста, треба да ги запознаеме луѓето со тие ситуации, со структурите кои сѐ повеќе се потребни затоа што потребите се големи – објасни Транчалини. Рече дека започнале со тој проект затоа што виделе поединци и цели семејства кои спијат во автомобили пред болниците. Можеби се работи за луѓе кои морале да ја напуштат својата земја, својата куќа, својата работа за да го придружуваат болното дете. Не можеме тие семејствата да ги оставиме сами.
РВ/к.мк