Папата: Изградете мостови за да можат непријателските брегови повторно да воспостават комуникација

Папата: Изградете мостови за да можат непријателските брегови повторно да воспостават комуникација

Папата Фрањо во аудиенција ја прими заедницата на Папскиот чешки институт Свети Иван Непомук, именувана по чешкиот маченик кој почина на крајот на 14 век, фрлен во реката В’лтава затоа што не ја прекршил исповедната тајна: денес, додека во Украина беснее војна, треба да се работи со евангелска упорност и да се моли за помирување.

Треба да одиме таму каде што се шири конфликтот за да можат повторно да комуницираат двата далечни и непријателски брега. Молитвата, посебно посредничката, има моќ да воспостави контакт на полето на совеста, сѐ до неочекувана можност за дијалог – истакна папата Фрањо. Додека беснее војната во Украина, тој потсети дека токму на актуелноста на една од мислите на кардиналот Мартини од 1991 година, со цел да се истакнат карактеристиките на свети Иван Непомук, кој умрел со маченичка смрт на крајот на 14 век, кој се почитува како заштитник на мостовите. Имено, околу 140 години неговото име го носи Папскиот чешки институт Свети Иван Непомук, чија заедница Папата Фрањо ја прими во аудиенција во четврток 10 октовмри.

Приматот на совеста

Свети Иван Непомук е доблесен свештеник кој го одбива барањето на расипниот крал Венцеслав да ја издаде исповедната тајна за да открие што му кажала кралицата во светата Тајна Исповед; кралот кој бил непоправлив предавник на верата, се сомнева во кралицата за непостоечко неверство. Иван ова одбивање го плаќа со својот живот, фрлен е од мостот Карло IV во Прага во реката В’лтава. Ова сведоштво, денес повеќе од кога било, нè потсетува на првенството на совеста над секоја световна сила, на приматот на човечката личност, на неотуѓивото достоинство. Сепак, постои уште поубедлив начин да се почитува споменот на така убиениот свет маченик – истакна Папата.

Да се обидеме, во конкретниот живот, да градиме мостови таму каде што има поделби, оддалеченост, недоразбирања. Освен тоа, ние самите треба да бидеме мостови, скромни и храбри средства за средба, дијалог меѓу поединци и различни и спротивставени групи (…) Но жените тоа го прават многу подобро – забележа римскиот бискуп.

Служители борци, а не обични протагонисти

Папата Фрањо, потоа ја предупреди монашката заедница за опасноста од духовната световност, што е најлошото нешто што може да му се случи на посветен маж или жена, и користејќи го примерот на свети Иван Непомук. тој го нагласи „не“ на силите на овој свет за да потврди со „да“ за Евангелието; сили кои понекогаш се политички, идеолошки или културни, кои условуваат на суптилен начин.

Нека вашата заедница – посака Папата – биде дом и училиште на слободата, внатрешната слобода, посебно денес кога, со намалувањето на бројот на европските свештеници, африканските и азиските свештеници, питомци на институтот, можат да бидат човечко и формативно богатство. Господ нѐ сака сите нас како слуги, браќа и сестри, а не примадони и главни актери; не протагонисти, кои понекогаш се протагонисти на тажни и просечни приказни. Не, Господ сака да бидеме борци; да побегнеме од искушението на овој секуларен протагонизам – поттикна папата Фрањо, истакнувајќи дека оваа слобода се покажува и преку смислата за хумор.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот