Папата Фрањо: Марија нѐ води до бесконечната Божја убавина

Да не се измориме да учиме од Марија!, поттикна Папата во пораката до учесниците на 19. заседание на Папските академии, кое се одржа на 20 ноември во Рим, на тема „Марија, икона на бесконечната Божја убавина“. Да дозволиме да нѐ води таа, која нас нѐ води до првотниот извор и вистинската полнота на бесконечната љубов; Божјата љубов која се очитува во Христос, истакна Папата.

Осврнувајќи се во разговорот за Радио Ватикан, на забелешката дека папата Фрањо често нѐ повикува нашите грижи да ги довериме на Марија, државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин истакна дека Марија Исусовата Мајка, како Мајка на секого, најмногу бара дете кое во своето срце носи мака, болка, страдање… Затоа можеме да ѝ се обратиме со бесконечно препуштање, бидејќи секогаш ќе го пронајдеме нејзиното внимание. Внимание на таа која нѐ прифаќа со бескрајно милосрдие и која нѐ води до Господа, истакна кардинал Паролин.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот