Заврши XX состанокот на Кардиналскиот совет

Заврши XX состанокот на Кардиналскиот совет

Во Ватикан во среда 14 јуни 2017 година заврши XX работна средба на Кардиналскиот советот, на која скоро цело време присуствуваше и папата Фрањо. По тој повод директорот на ватиканскиот прес-центар, Грег Бурк, се сретна со акредитираните новинари во Ватикан информирајќи ги за најважните моменти од средбата.

Работните сесии на Кардиналскиот совет – посочи Бурк – „беа посветени на интензивни размислувања за начините со кои Римската Курија на најдобар можен начин ќе може да служи на месните Цркви.

Меѓу предлозите за кои разговараа кардиналите беше и можноста за преместување на некои ингеренции од управите на Римската Курија на локалните епископи или епископски конференции. Кардиналите ги изнесоа своите ставови за различни теми, особено за Конгрегацијата за евангелизација на народите.

Префектот на Секретаријатот за комуникација, монс. Дарио Вигано го презентираше извештајот за моменталната состојба на реформата на системот за комуникација на Светиот Престол, а ја претстави економската и оперативна активност на Секретаријатот, објавувајќи позитивни резултати и проекти во процесот за реализација за новиот систем за комуникација.

Следниот состанок на Кардиналскиот совет ќе се одржи од 11 до 13 септември, по посетата на папата во Колумбија.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот