Конзисториумот во четвртата сесија се осврна на Синодот и свештенството

Конзисториумот во четвртата сесија се осврна на Синодот и свештенството

За време на четвртата сесија, кардиналите размислуваа за потребата на свештенството да му се понуди слика што е „убава, творечка, евангелска и истовремено неклерикалистичка“. Тие разговараа и за ризикот сложеноста на процесите на консултација да ја оптовари Црквата токму во време кога таа е повикана да сведочи пред светот.

Првиот дел од четвртата сесија на Вонредниот конзисториум започна во сабота попладне, 27 јуни 2026 годинам во 16 часот. Меѓу темите што се појавија беа потребата од продлабочување на аскетската и историската димензија на синодалноста, како и потребата на верниците да им се понуди слика за свештенството што е евангелска и неклерикалистичка.

Во соопштението на Прес-службата на Светиот Престол се наведува дека работата се одвивала во Новата синодална сала, а сесијата ја модерирал кардинал Џозеф Вилијам Тобин.

Да не се оптоварува Црквата

По воведниот извештај на кардинал Марио Грех, збор зедоа неколку кардинали.

Според Прес-службата, кардиналите зборувале за ризикот „сложеноста на консултациите да ја оптовари Црквата во време кога таа е повикана да го даде своето сведоштво“.

Истовремено, било потврдено дека и хиерархиската Црква и Божјиот народ, секој на свој начин, учествуваат во „распознавањето на она што Духот ѝ го кажува на Црквата“.

Кардиналите го истакнале и придонесот на источните католички заедници, чие синодално искуство претставува значаен придонес за патот во кој е вклучена целата Црква.

Првиот дел од сесијата заврши во 17 часот. По паузата, следуваше дијалог со папата Лав XIV, при што учесниците можеа слободно да зборуваат до три минути.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот